fbpx

Citroen со видео најави ново електрично возило

Француски Citroen објави кратко видео со кое по се изгледа го најавува нивното ново електрично возило

Засега нема конкретни детали од Citroen, а единствено е познато дека премиерата на ова возило ќе биде одржана на 27. февруари во Париз.

Некои сметаат дека всушност ова би можела да биде сериска верзија на минатогодишниот Ami Onе концепт со кој француската марка ја одбележа својата 100-годишнина.

Ami One е концепт на градско возило со електропогон кој ја покажува визијата на Citroen за урбаната мобилност. Станува збор за двосед долг само 250 сантиметри, широк 150 cm, висок 150 cm, тежок само 425 килограми, додека пречникот на вртење му изнесува 8 метри. Од француската компанија наведуваат дека ова возило има автономија од 100 километри со едно полнење на литиум-јонските батерии (за чие полнење е потребно два часа).

Како и да е, Citroen со серискиот модел би требало да „обезбеди електрично возење достапно за сите“.

Поврзани вести

Back to top button