fbpx

Citroën ја зајакнува својата позиција во Кина со нов компактен SUV

По речиси 180.000 реализирани примероци од промоцијата на моделот C3-XR во Кина до крајот на 2014 година, оваа пролет Citroën ќе ги зајакне дополнително позициите на локалниот пазар со лансирањето на новата генерација на компактно SUV возило.

Од Citroën објавија дека новиот C3-XR е подобрен, а дизајнот му е исполнет целосно според актуелната стилска линија на брендот, додека опремата е крената на сосема ново ниво. За C3-XR од Citroën велат дека тој ќе ги задржи квалитетите кои се веќе развиени за локалниот пазар и дека дизајнот му е надграден со подинамичен екстериер и има нови можности за персонализација. Во однос на ентериерот, возилото доаѓа со можност за нарачување на панорамски стаклен таван, нови и свежи предлози во однос на боите и материјалите.

Главен акцент во внатрешноста на новиот  C3-XR е новиот HSAE инфо-комуникациски систем со 9-инчен екран, кој доаѓа со опција за синхронизација на мобилен телефон со Apple CarPlay, MirrorLink и Baidu Carlife.

Поврзани вести

Back to top button