fbpx

Просечните емисии на CO2 во Европа се зголемуваат

Изгледа борбата за подобрување на воздухот кој го дишеме на Стариот континент, не е особено добра, барем засега

Иако десетици градови ги најавија своите намери да го запрат движењето на стари автомобили, резултатот од овие иницијативи во моментот не е позитивен.

Според податоците на JATO Dynamics, водечка компанија за анализа на пазарот на автомобили во светски план, просечните CO2 емисии во Европа меѓу продадените чисто нови машини се покачи за прв пат по 10 години. Иако минимално, за 0,3 грама на километар, зголемувањето е факт. Причините за ова во основа се две.

Првата од нив се крие во тоа што Европејците се почесто посегнуваат кон сегментите на кросовер и SUV возилата, кои по дефиниција се енергетски неефикасни во однос на други претставници. Друг главен фактор е борбата против дизел моторите, која неминовно доведе до пад на интересот за овој тип на технологија.

CO2

Иако кај нив во преден план е загадувањето од азотните оксиди (NOx), нивото на CO2 и овде е пониско од средните вредности. Сепак, ако направиме споредба помеѓу продадените бензински и дизел автомобили, нафтените агрегати во формираат средно ниво на CO2 oд 117.9 g/km, а кај бензинските ова ниво е повисоко – 123.4 g/km.

CO2

Поврзани вести

Back to top button