НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Continental ги елиминира мртвите точки пред возачот

Kомпанија Continental создаде технологија која ги елиминира мртвите точки во возилото со отстранување на предните столбови на возилото

Технологијата му овозможува на возачот да гледа низ предните столбови и со тоа значително го подобрува полето на гледање. Предните столбови за поддршка го држат ветробранското стакло и се основата на врвот на покривот на возилото. Овие столбови се значајни визуелни пречки за возачот.

Во годините нивните димензии се постепено зголемени за да се подобри безбедноста и да одговорат на стандардите за отпорност на покривот, но овој тренд доведе до зголемен ризик за пешаците и другите учесници во сообраќајот, кои се наоѓаат скриени од полето на прегледност на возачот.

Во некои ситуации, во зависност од ширината на носечките столбови, линеарниот простор може да остане невидлив за возачот. Овој линеарен простор значително се зголемува со оддалечување од возилото. Како резултат на тоа, дизајнот на A-столбовите е важен фактор во зголемувањето на видното поле на возачот.

Виртуелниот А-столб на Continental користи нови OLED екрани и високо развиени технологии за следење на движењето на главата за да го подобри полето на прегледност на возачот.

Возачите го компензираат недостатокот на видливост со промена на нивната положба при возење. Системот на Continental ги следи овие движења на возачот преку внатрешна камера поставена веднаш над воланот. Во исто време, SurroundView надворешната камера пренесува во реално време слика од надворешната средина на возилото на OLED дисплеите, вградени во носечките столбови. Движењето на главата со сликите од надворешната средина, создава динамична перспектива пред возачот која прави пред него чувство дека гледа низ прозорец, а не во видео образ.

„Оваа нова технологија овозможува на возачот да ги види пешаците и другите автомобили кои доаѓаат од лево или десно, кои инаку би биле блокирани од носечките столбови“, појасни д-р Карстен Микелсен, директор на секторот за системи и технологии во Continental. „Со развојот на технологијата за приказ и снимање, Continental овозможува на возачот да одржува директна линија на погледот при превртување на лево или десно, што обезбедува дополнителна безбедност за велосипедисти, пешаци и други ранливи учесници во сообраќајот“.

Continental

Клучни зборови

Поврзани вести

Close