fbpx

Continental го претстави најновиот пневматик PremiumContact 7

Најновиот пневматик на Continental со високи технолошки перформанси, соодветни и за електрични возила, е веќе достапен во сервисно-продажната мрежа на “Мотоцентар“ во нашата држава

Денес, компанијата “Мотоцентар го претстави новото летно продуктно портфолио на познатиот производител на пневматици Continental. Во рамки на настанот, презентиран беше моделот “PremiumContact™ 7“, а фокус беше ставен и на долгогодишната соработка помеѓу двете компании, како и на можностите за развој на партнерството во насока на третман и опслужување на новите електрични возила со пневматици.

Со “PremiumContact™ 7”, Continental ја испорачува седмата генерација на оваа премиум гума. Успешноста на “PremiumContact™ 7“ се должи на нејзиниот развој во правец на можност за монтирање пневматици со дијаметар од 16 до 21 инч, на широка гама патнички моторни возила.

Благодарение на иновативните технологии, Continental разви гума со која постави нови стандарди за безбедност и удобно возење, истовремено подобрувајќи ги перформансите за отпорот при возење и изминатите километри. Дополнително, со примена на соединението “RedChili“, на пневматикот има оптимални перформанси, во најширок можен температурен спектар. Односно, “PremiumContact™ 7” може да развие висока стабилност, дури и при ниски температури, што е особено корисно во текот на преодните месеци, во пролет и есен.

Со производната стратегија на Continental поставуваме нови безбедносни стандарди во патниот сообраќај. Благодарение на прилагодливиот дизајн на шарата на “PremiumContact™ 7“, безбедноста, стабилноста и удобноста при возењето се уште поголеми, без разлика на временските услови. Како пазарно ориентирана компанија, Continental работи на адаптација на пневматиците наменети за широк опсег патнички моторни возила. Потврда дека ги следиме пазарните трендови во авто-мото индустријата е фактот дека во 2022 година, девет од десетте најуспешни производители на електрични возила, вклучувајќи ги Tesla, Porsche и Mercedes-Benz се потпреа на технолошката експертиза на “Континентал“ при избор на нивната оригинална опрема.“, изјави г-ѓа Наташа Рубије (Natasha Rubije), Регионален Претставник за Продажба во Continental.

“Continental е наш долгогодишен и традиционален стратешки партнер. Нашата компатибилност е содржана во развојните планови и стратегии на двете компании. Во таа смисла, го препознавме пристапот на Continental  уште во времето кога почна да ги оптимизира пневматиците наменети за електрични возила со цел – да се постигне поголема ефикасност и помала потрошувачка на енергија. Ова, за нас во “Мотоцентар“ беше сигнал уште поинтензивно да се фокусираме на експонирање и соодветна понуда на пневматиците на “Континентал“ за нашите клиенти и потрошувачи.“ – изјави г-ѓа Моника Бошкоска, Маркетинг Директор во “Мотоцентар“.

За сите заинтересирани, летната понуда на Continental пневматици е веќе достапна во сервисно-продажната мрежа на “Мотоцентар“ ширум државата.

Поврзани вести

Back to top button