fbpx

Continental ја прославува 150-годишнината од основањето

Компанијата Continental e основана во 1871 година и на 8 октомври слави точно 150 години постоење и иновации во индустријата на пневматици

На 8 октомври 2021 година Continental ја прослави 150-годишнината на компанијата. Од неговото основање во Хановер во 1871 година, Continental развива пионерски технологии и услуги за одржлива и поврзана мобилност на луѓето и на нивната стока. Од мала фабрика во Хановер компанијата се разви во еден од глобалните играчи во автомобилската индустрија и денес работи во 58 земји во светот. Continental е најстариот независен производител и еден од најголемите производители на пневматици во светот. Во изминативе 150 години компанијата, со својот пионерски дух и иновативна сила, постави стандарди во индустријата на пневматици. Повторно, токму инженерите на Continental со своите револуционерни пронајдоци обезбедија пневматиците да станат побезбедни, поефикасни и одржливи.

Клучните фази во производството на пневматици на Continental опфаќаат прв пневматик со слој за газење, прв пневматик со бандаж што се вади, патент за прв пневматик без внатрешна гума во светот и, со неговиот модел „за сите терени“, прв наменски пневматик за зима. Исто така, од Continental излезе и првата пневматска гума за трактор. Подоцна беше произведен првиот пневматик со оптимизиран отпор при тркалање и првиот пневматик со слој за газење произведен од гума од глуварче. Исто така, Continental е еден од пионерите во областа на дигитализацијата.

Уште во 1999 година производителот на пневматици покажа дека податоците што се потребни за напредни системи за помош при возење може да се утврдат уште попрецизно и побрзо ако пневматикот се користи како извор на податоци. Тоа беше раѓањето на интелигентниот пневматик. Во меѓувреме, Continental ги поврзува своите пневматици и нивните сензори во облак и им нуди на купувачите сосема нови, паметни и дигитални решенија и услуги за пневматици.

Почетоците во 1871

„Пневматиците се наша страст. Нашата технолошка извонредност обезбедува безбедност, сигурност и одржливост веќе 150 години. Се гордееме со тоа“, изјави Кристијан Кец, директор на делот Пневматици и член на Извршниот одбор на Continental. Тој додаде: „Голем дел од денешните технолошки стандарди за пневматици доаѓа од Continental. И повторно, ние ги туркаме границите на можното. Наша цел е најдоцна до 2050 година да го произведуваме нашето цело производно портфолио исклучително од одржливи материјали на начин што ќе биде неутрален во однос на климата.“

Корените на Continental потекнуваат од раните денови на основањето. На 8 октомври 1871 година беше основана компанијата Continental-Caoutchouc- & Gutta-Percha-Compagnie. На почетокот асортиманот на производи вклучуваше производи од гума, како што се топки за деца, гумени простирки, подни покривки, гумирани ткаенини или балони и цврсти гуми за кочии и велосипеди.

Кога во 1892 година велосипедот ја започна својата светска кариера со запченик и со ножна сопирачка, Continental беше прва германска компанија што произведе пневматски гуми за велосипед и оттаму зборот „пневматик“ наскоро стана одомаќен збор. По кратко време, во 1898 година, започна и со производство на пневматски гуми за автомобили. Првите пневматици сѐ уште беа без слој за газење и имаа релативно ограничени карактеристики за управување според денешните стандарди, особено на влажни и на зимски патишта. Сите производители бараа решенија за подложноста на лизгање на нивните производи – сѐ додека во 1904 година Continental не го претстави првиот пневматик за автомобили во светот со слој за газење.

Потребите за индустријализација и мобилност како двигател на иновациите

Триумфот на индивидуалната мобилност и напредокот на индустријализацијата беше поврзан со побарувачката за пневматици постојано за нови области на примена. Покрај безбедноста, во фокусот на вниманието се најде и прашањето за комфорот. Во 1908 година инженерите на Continental предизвикаа светска сензација со изумот бандаж што се вади што значително го олесни поставувањето на тркалата и пневматиците. По повод педесеттата годишнина Continental беше прва германска компанија што пушти на пазарот големи пневматици за комерцијални возила.

Во 1928 година првпат беа произведени пневматици за земјоделски трактори и тракторски единици. Пневматикот T2 за земјоделски трактор беше прва пневматска земјоделска гума во Европа. Во индустрискиот сектор, Continental го револуционизираше сегментот на цврсти гуми што се користат на виљушкари, аеродромски возила и други возила за индустриска примена со тешки услови за работа. Големиот успех што го постигна цврстиот пневматик од гума ContiSuperElastic, кој беше воведен во 1932 година, доведе до создавање скратеница за оваа категорија што денес е вообичаена во индустријата: CSE.

Прв пневматик од синтетичка гума

Друга клучна фаза во историјата на индустријата на 20 век е првиот пневматик произведен од синтетичка гума што излезе од фабричката хала на Continental во 1936 година. Во услови на осиромашена економија во текот на воените години, производителот на пневматици ја започна првата серија истражувања за добивање гума од руско глуварче. Тоа беше проект што повторно беше воведен во 2011 година и оттогаш успешно напредува. Велосипедската гума Urban Taraxagum е прва гума на Continental произведена во сериско производство со гума од глуварче.

Во 1943 година Continental поднесе барање за патентирање за гума без внатрешна гума. Тоа беше пронајдок што значително го подобри отпорот при тркалање на гумите и стана вообичаен технолошки принцип во поствоениот период и сѐ уште е и денес. Во 1934 година Continental беше првшто овозможи особено безбедно возење во зима со неговиот модел „за сите терени“, односно првиот наменски пневматик дизајниран за снег, а со тоа и неговиот прв зимски пневматик. Во 1953 година Continental го помина снежниот премин Сен-Готард во Швајцарија со своите пневматици M+S (кал и снег) под нотарски надзор, успешно завршувајќи го првиот тест за зимски пневматици во историјата.

Интензивното тестирање овозможува безбедност – во градскиот сообраќај или кога се вози во екстремни услови

Пред некој нов пневматик од Continental да биде пуштен на пазарот, тој треба успешно да помине разновидни тестови, без оглед дали тоа се технички иновации во патнички автомобил, камион или специјален сектор за пневматици. Вкупно, новите модели пневматици покриваат 25 милиони тест-километри секоја година пред фактичкото почнување на производството. Овој огромен напор е оправдан. Затоа што тој е темел за квалитетот на производот на производителот на пневматици од Хановер, за сите примени – дури и под екстремни услови. Во 2003 година Continental стана единствен испорачувач на пневматици со дозволена максимална брзина до 360 km/h со ContiSportContact Vmax. Во 2007 година ContiSportContact Vmax беше прв пневматик што влезе во Гинисовата книга на рекорди и беше прв избор за голем број трки на добро познати тјунери, со кои беше соборен светски рекорд.

Continental

За тестирање на пневматиците и на сите услови што може да се замислат, компанијата има најсофистицирани објекти за тестирање низ светот. Contidrom во близина на Хановер, „прототип“ и референција за сите центри за тестирање на Continental, беше отворен во 1967 година. Уште во 1968 година на тест-полигонот Contidrom беше испробан првиот електронски контролиран автомобил без возач, на вчудовидување на медиумите и на јавноста. Continental понатаму ја развиваше оваа технологија и сега ја користи на својата локација за тестирање во Увалде, Тексас, САД, со цел да ги изложи своите пневматици на тестови на издржливост.

Инвестиција во новата технологија за тестирање

Во 2012 година на локацијата за тестирање Contidrom официјално беше отворен Автоматизиран анализатор за внатрешно сопирање (AIBA). Овој објект, кој е единствен од овој вид во светот, овозможува тестирање на перформансите на сопирање на пневматици на различни површини на пат преку цела година, без оглед на временските услови и тоа целосно автоматизирано, со користење возила без возач. Во иднина таму пневматиците ќе се тестираат во нов вид динамичен симулатор за возење. Според тоа, професионалните тест-возачи и виртуелно ќе остваруваат реални сценарија за возење. Извршувањето на секој циклус во симулаторот за возење наместо на вистински патишта значи дека треба да се произведуваат помалку пневматици за тестирање. Оттаму, оваа инвестиција во новата технологија за тестирање придонесува и кон екстензивните напори за одржливост на Continental.

Од почетокот на седумдесеттите години од минатиот век Continental е посветен на поголема одржливост во индустријата за пневматици и во автомобилската индустрија. Ефектите на нафтената криза во 1973 година дадоа поттик за истражувачки проект за развој на пневматици со оптимизиран отпор при тркалање. Сознанијата стекнати со овој проект накрај, во 1993 година, доведоа до презентација на производ за кој немаше преседан. Првпат во еден пневматик, ContiEcoContact, беа комбинирани еколошките придобивки и економските аспекти со исклучителни карактеристики за возење и безбедност.

Continental

Свест за ресурсите како ран двигател на технолошката извонредност

Оттогаш Continental се соочува со големи предизвици во работењето со финални суровини и во потребата за намалување на емисиите на CO2. Веќе долги години сега одржливото и одговорно управување претставува интегрален дел од корпоративната стратегија на Continental. Овде напорите се сосредоточени на стратегиските теми за климатската акција, мобилноста за мали емисии, циркуларната економија и одржливите синџири на снабдување, со што се опфатени сите фази во синџирот на вредности. Уште во 1903 година во Зелце, во близина на Хановер, беше основана подружница за преработка и рециклирање на отпад од гума. Во 2013 година Continental ја отвори својата единствена постројка ContiLifeCycle во Хановер Стекен. Со својот интегриран пристап кон повторна обработка на слојот за газење за камионски и за автобуски пневматици и со посебно изградената постројка за рециклирање индустриска гума, компанијата е пионер во индустријата.

Со цел во иднина пневматиците енергетски да станат уште поефикасни и еколошки од аспект на производството, користењето и можноста за рециклирање, компанијата систематски инвестира во истражувањата и во развојот на нови технологии, алтернативни материјали и еколошки компатибилни производствени процеси. На пример, производителот на пневматици има намера до 2050 година постепено да се префрли на 100 проценти одржливи произведени материјали во своите пневматици.

Технологијата на сензор и дигитализацијата овозможуваат иновативни решенија и услуги за пневматиците

Исто така, Continental е еден од пионерите во областа на дигитализацијата на пневматиците. Уште во 1999 година производителот на пневматици покажа дека податоците што се потребни за напредни системи за помош при возење може да се утврдат уште попрецизно и побрзо користејќи го пневматикот како извор на податоци. Тоа беше раѓањето на интелигентниот пневматик. Оттогаш Continental продолжи да „вози“ кон дигитализацијата на пневматиците, овозможувајќи целосно нови услуги за возни паркови и за купувачи. Од 2010 година Continental ги поврза услугите за купувачите со возните паркови, под рамката на својот бренд Conti360° Fleet Services. Од препорака и совршен избор на вистински пневматици до точно поставување и брза помош во случај на дупната гума и до постојана инспекција и сеопфатни извештаи за пневматиците за сите нивни возила, операторите на возни паркови во секое време добиваат високопрофесионална услуга за пневматиците.

Компанијата продолжува да го проширува екосистемот на паметни, дигитални решенија за премиум пневматиците на Continental, што во меѓувреме е создаден. Како еден од најголемите испорачувачи на електроника, сензорски системи и софтвер во мобилната индустрија, Continental овде има одлучувачка предност. На пример, способноста на Continental да овозможи пневматикот да комуницира со други безбедносни компоненти како централен елемент во системот на возилото доведе до тоа еден револуционерен проект да се врати на почетокот на милениумот: автомобил од 30 метри. Координацијата на сите системи вклучени во операцијата на сопирање резултираше со тоа возилото да застане по само 30 метри со целосно сопирање при брзина од 100 km/h. Во тоа време просечната должина на сопирање сѐ уште беше меѓу 36 и 40 метри. Тоа соодветствуваше со намалувањето на должината на сопирање до 25 отсто.

Поставување на нови стандарди во иднина

Денес Continental ја користи директната поврзаност на своите пневматици и сензори во облак за да понуди сосема нови деловни модели. Со овозможени голем број точки со податоци, клиентите на Continental со возни паркови може да ја проверат состојбата на своите пневматици во секое време со помош на алгоритми што се развиени интерно. Тоа значи дека одржувањето може да се извршува по потреба, а не како превентивна мерка, а со самото тоа е многу поефикасно. Така, провајдерите на возни паркови имаат полза од намаленото време на некористење на возилата поради поправки, како и зголемената безбедност, помалите севкупни трошоци благодарејќи на поголемата енергетска ефикасност и, генерално, поефикасното работење. Во 2020 година компанијата постави нови стандарди со презентацијата на својот успешен пилот-проект за значително прецизен мониторинг на длабочината на слојот за газење со алгоритми и телеметриски податоци за возила.

Во иднина Continental ќе продолжи да се залага, со своето премиум портфолио, за иновативна извонредност во технологијата на пневматици, во сегментите на патнички автомобили, камиони и специјални пневматици. Bо својата нова програма за стратегијата претставена во 2020 година, Continental го опишува својот пат во новата деценија. Фокусот на програмата за стратегија Визија 2030 е на конзистентната ориентација на организацијата и на сите деловни активности кон купувачот. Исто така, секторот за пневматици има цел да продолжи да расте профитабилно и од своите конкуренти во брзо променливата пазарна средина да се разликува во областите на одржливост и дигитални решенија.

Поврзани вести

Back to top button