fbpx

Continental на врвот со WinterContact TS 860

Continental со уште едно прво место, овој пат со најдобри резултати на тестирањето на зимски пневматици со WinterContact TS 860

Првиот голем тест на зимски пневматици за 2019 година го спроведе германскиот Auto Bild, кој овојпат тестираше 53 различни пневматици од компактна и средна класа, со една од најпопуларните димензии 225/45 R17.

WinterContact TS 860 На оваа листа се најдоа производите на скапите премиум брендови, брендовите од средната класа, како и оние послабо познатите, кои се наоѓаат на крајот од ценовната скала. Тука се вбројуваа Continental, Michelin, Goodyear, Pirelli, Dunlop, Bridgestone, Yokohama, Fulda, Hankook, Maxxis, BF Goodrich и многу други. Пневматиците биле подложени на тестирање во голем број на дисциплини, каде само половина, односно околу 20 бренда го продолжија тестирањето во финалната фаза.

Таму, тие биле тестирани во дополнителни 14 индивидуални дисциплини, како ракување по снег, влажни и суви коловози, аквапланинг, а секако, како една од најважните категории е и издржливоста на зимските пневматици која се проверува со тест за измината километража.

Победник на тестот е Continental со WinterContact TS 860 со најдобар вкупен резултат, додека пак на второто и третото место се најдоа Goodyear UltraGrip и Michelin Alpin 6, соодветно.

На нашиот пазар, официјален застапник за германскиот бренд е центарот за гуми Мотоцентар.

Поврзани вести

Back to top button