Continental PremiumContact 6 победник на тестот за летни гуми

Continental PremiumContact 6 е победникот на тестот за летни гуми во 2020 година од страна на германските, австриските и швајцарските авто клубови ADAC, ÖAMTC и TCS

Во резултатите од тестовите кои ги објавија автомобилските клубови ADAC, ÖAMTC и TCS, Continental PremiumContact 6 се позиционираше на врвот во категоријата за 18-инчните гуми во тестирањата за летни гуми, додека 17-инчните гуми кои се користат кај поголемите автомобили, SUV и комбиња, Continental EcoContact 6 доби мошне позитивни и задоволувачки оценки од ADAC, ÖAMTC и TCS. Трите автомобилски клубови при своите тестирања користеа VW Golf GTI како тест возило за поголемите гуми, како и Ford Kuga за SUV гумите.

Во својата евалуација на PremiumContact 6, клубовите го истакнуваат добриот настап на влажните коловози. „Врвни оценки во влажни услови (пред се за сопирање и ракување), заклучија тие. Во меѓувреме во конкуренција на 12 брендови, EcoContact 6 доби врвни оценки кога станува збор потрошувачката на гориво и абењето, а доби добра оценка и за возењето на суви коловози.

18-инчните гуми, PremiumConcact 6 кои беа дел од тестирањето, се погодни за автомобилите од компактната класа, како Golf, за модели со среден досег како BMW Серија 3 или Mercedes C-Класа. Пневматиците од 17 инчи, EcoContact 6 се вклопуваат во SUV автомобилите со средна големина како Ford Kuga или Volkswagen T6 Transporter, додека поголемите лимузини како Mercedes S-Класа или Audi A7 исто така се опремени со овие димензии на гуми.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close