НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Cupra Formentor излезе на патиштата

Брендот Cupra, кој развива автомобили со високи перформанси е речиси подготвен да го произведе својот прв целосно независен модел - Formentor SUV

Тој беше испратен за тестирање во реално време на шпанскиот остров Мајорка. Местото за тестирање не беше избрано случајно – автомобилот беше именуван по Форментера во северниот дел на островот. Ова е прв тест на моделот, кој ќе биде лансиран во следната година.

Formentor е изграден на иста платформа како Seat Ateca, но истата е поширока. Под хаубата, се монтира хибридна погонска единица со моќ од 249 КС. Само на електрична енергија, автомовилот може да патува до 50 километри.

Во сржта на хибридниот систем е 1.5 литарскиот мотор TSI, кој работи во комбинација со електричен мотор и автоматски менувач со две спојки. Стандардниот Cupra Formentor, исто така, ќе биде достапен со овој бензински мотор, како и со 48-волти мека хибридна верзија.

Дизајнот на Formentor изгледа доста динамичен, со предниот дел кој потсетува на Леон, LED светлата и агресивниот заден дифузер која на кросоверот му дава спортски изглед. Во внатрешноста ќе се појави 10-инчен систем за информации и забава и дигитална инструмент-табла.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close