Cupra ќе лансира мал градски ЕВ до 2025

Шпанскиот бренд Cupra има големи планови кога станува збор за електричната мобилност, а еден од тие е и лансирање на основен електричен модел кој ќе пристигне до 2025

Електромобилноста станува важен дел од стратегијата на најголемите производители, а ниту Cupra не е исклучокот. Шпанскиот бренд неодамна го претстави својот el-Born електричен компактен хечбек, а според најновите планови, до 2025 година треба да пристигне и уште еден урбан електричен автомобил, кој ќе биде влезен модел во понудата на Cupra. Според информациите, моделот ќе биде поставен под el-Born, што значи дека ќе има слични димензии како VW Polo.

Според извршниот директор на Cupra, Вејн Грифитс, возилото е „повеќе од само автомобил за нас, тоа е иднината на автомобилската индустрија во Шпанија. Cupra ќе помогне електричните автомобили да станат достапни до широка маса на луѓе со урбан, мал електричен автомобил и тоа е проект на кој работиме со Volkswagen групацијата“, изјави Грифитс и додава: „Овој сегмент е огромен во Европа и тој ќе се насочи кон електричните автомобили, а е најтежок. Да се постигне тоа со возила како Porsche Taycan на врвот на пазарот е малку полесно, но да се направи тоа со мали автимобили со цел да се заработат пари, тоа е навистина предизвик“.

Cupra el-Born

Cupra веќе работи на дизајнот за новиот, базичен ЕВ и би можел да биде претставен како концепт оваа година. Како што пренесува Autocar, возилото ќе биде поставено на MEB-Lite платформата која е развиена од Volkswagen за најмалите ID модели. Батеријата која ќе пристигне на Cupra автомобилот веројатно нема да биде поголема од 45 kWh.

„Навистина работиме многу за развој на индивидуални модели за различни брендови од Volkswagen групацијата. Идејата е да се произведува автомобилот тука, во Шпанија. За да се оствари тоа, потребна ни е помош од шпанската влада и Европската комисија да инвестираат во оваа трансформација“, додаде Грифитс.

 

Поврзани вести

Back to top button