fbpx

Cupra најави нов концепт

Новоформираната компанија Cupra најави дека на 22 февруари, година по претставувањето на својата прва кола, ќе биде претставен сосема нов концепт. Без да навлегуваат во детали, од Cupra велат дека новиот концепт ќе демонстрира јасен дизајн и визија за развој на брендот.

Новиот концептуален развој ќе биде првиот автомобил развиен специјално за брендот Cupra, а во себе ќе ги комбинира силните карактеристики и предности на спортските и SUV возилата.

„Овој концепт е синтеза на она што претставува Cupra- посебен и единствен автомобил со дизајн кој ги демонстрира неговите можности и покажува енергијата која ја имаме во Cupra за развој на следната генерација автомобили“, коментира Вејн Грифитс, извршен директор на Cupra.

Поврзани вести

Back to top button