Cupra Terramar премиерно претставена во Македонија
Cupra Terramar пристигна во Cupra Garage во рамките на Порше Македонија, со што официјално дебитира на македонскиот пазар

Денес, во CUPRA Garage Порше Македонија официјално го претстави најновиот модел на брендот – Cupra Terramar, кој за првпат влегува на македонскиот пазар. Со оваа премиера, Cupra ја продолжува својата експанзија и го засилува своето присуство во најбрзо растечкиот SUV сегмент во Европа, но и во Македонија.
Cupra Terramar е новиот адут на брендот, а станува збор за спортски SUV кој комбинира смел и самоуверен дизајн со врвни перформанси и напредна технологија. Овој модел ја носи Cupra кон повисок премиум сегмент, привлекувајќи нови клиенти без да ја изгуби својата препознатлива карактерна црта.
Дизајн што освојува на прв поглед
Terramar ја прифаќа новата дизајнерска насока на Cupra, со експресивни линии, динамични пропорции и карактеристични предни светла со троен триаголен потпис, кои го издвојуваат моделот во однос на конкуренцијата. Напредната Matrix LED Ultra технологија со 25.000 пиксели обезбедува прилагодлива светлина според условите на патот, за максимална видливост без заслепување на другите учесници во сообраќајот.
Внатрешност фокусирана на возачот
Внатрешноста на Cupra Terramar нуди нова интерпретација на спортскиот дух – кокпит ориентиран кон возачот, нагласен со прогресивен дизајн на централната конзола и премиум материјали, што создава простор каде технологијата и емоциите се спојуваат во едно.
Моќни погони за секој стил на возење
Terramar е достапен со различни погони, вклучувајќи ја и најновата генерација на plug-in hybrid (eHybrid) технологија, која испорачува импресивни 272 коњски сили (200 kW) и повеќе од 100 километри целосно електрично возење.
Инаку, Cupra Terramar доаѓа со стандардна спортска суспензија, прогресивен управувач, како и со напреден адаптивен систем на шасија, овозможувајќи прецизно управување, стабилност во свиоци и врвна динамика на секој пат.
Cupra Terramar во Македонија
Со премиерата на Terramar, Cupra има комплетно портфолио на модели и продолжува со својата успешна приказна. Од 2018 година досега, брендот има испорачано околу 700.000 возила, а глобалната мрежа брои над 800 CUPRA Garage ширум светот.
Кога станува збор за македонскиот пазар, Terramar е достапен во пет верзии, од кои три се стандардни, а две се во VZ варијанта. Стандардните верзии вклучуваат 1,5 eTSI благ хибриден модел со 150 КС, потоа 2.0 TSI со 204 КС и погон на сите тркала, како и plug-in хибридниот 1.5 TSI со 205 КС. Сите верзии доаѓаат со DSG менувач.
Кога станува збор за варијантите VZ, тука се достапни 2.0 TSI со 265 КС и погон на сите тркала, како и plug-in хибридниот 1.5 TSI со 272 КС. Исто како и кај стандардните верзии, и овие пристигнуваат со DSG менувач.