fbpx

Викенд Тарифа: Czinger Vehicles го најави хиперавтомобилот 21C

Калифорниската компанија Czinger Vehicles најави дека на престојниот Саем за автомобили во Женева ќе го претстави својот хиперавтомобил 21C

Од компанијата наведуваат дека 21C има иконски дизајн со линиска конфигурација на седење, како и револуционерна технологија која пружа „доминантни перформанси“. Од Czinger исто така истакнуваат и дека 21C има силен хибриден погонски склоп, како и дека се одликува со врвна шасија, карбонски панели и напреди компоненти направени по нови технологии благодарение на 3D печатач. За да ја убеди јавноста во овие аргументи, од Czinger објавија и видео во кое главната улога ја има токму 21C.

Czinger 21C ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Женева.

 

Поврзани вести

Back to top button