fbpx

Dacia добива три нови модели, Alpine станува ЕВ бренд

Радикалната Renaulution програма на Renault групацијата го зазема својот облик, а исклучок не се ниту брендовите Dacia и Alpine

Alpine веќе се соочи со неколку промени, перформансниот бренд доби нов шеф, го презеде учеството од Renault во Formula 1, а го презеде и Renaultsport и сите мотоспорт активности под своја закрила. Но, промените не застануваат тука. Имено, се остваруваат шпекулациите дека марката Alpine ќе стане чисто електричен бренд.

Француската марка ќе биде трансформирана во производител на 100 проценти високо перформансни возила и има за цел да стане профитабилна до средината на деценијата. И додека вестите за тоа дека Alpine ќе се откаже од моторите на внатрешно согорување можеби и не се некое изненадување, навистина интересно звучи веста дека компанијата ќе започне соработка со Lotus за заеднички развој на електричен спортски автомобил од следната генерација, но тоа е се што знаеме во моментов. Alpine ќе добие и уште два идни модели кои ќе бидат поставени на CMF-B и CMF-EV платформите, а тоа значи електричен хот хеч и електричен спорски SUV модел.

Дел од „Ренолуцијата“ на Лука де Мео секако е и Dacia. Романската марка ќе биде проширена во следните години со додавање на три нови модели, а еден од нив ќе се натпреварува во C сегментот. Поголемиот модел ќе биде во форма на SUV што не е никакво изненадување, а неименуваниот модел е прикажан како концепт за време на официјалната презентација на Renaultution. Новиот модел изгледа поробусно и поагресивно од помалиот Duster.

Dacia и Lada ќе ја зајакнат врската

Според информациите, моделот ќе биде долг 4,6 метри, со што ќе биде 28 сантиметри подолг од Duster. По големиот модел, ќе следуваат и уште два модели, од кои едниот ќе пристигне следната година, а другиот во 2024.

Исто така, Renault групацијата има за цел да создаде посилна врска меѓу Dacia и Lada со цел да ги скрати трошоците, намалувајќи го бројот на платформи од четири на само една. Исто така, компанијата планира да елиминира седум каросериски стилови, намалувајќи ја бројката на само 11.

Dacia

Двата бренда заедно ќе лансираат седум модели до 2025 година, вклучително и компактна Lada веднаш по моделот на Dacia во С сегментот. Со оглед на тоа дека Renault ветува „оживување на легендарните модели“, Dacia ќе биде модел за секојдневна употреба со „кул мотиви“, додека Lada ќе остане „сурова и цврста“. Сржта на двата бренда ќе лежи во CMF-B платформата, со LPG и хирбидни погони.

Она што може да се забележи е и дека Dacia има ново лого, но деталите околу тоа дали ќе се користи во иднина, се уште не се познати.

Поврзани вести

Back to top button