fbpx

Високо признание за новиот Dacia Duster

Целосно новиот Dacia Duster, кој имаше светската премиера за време на меѓународниот салон во Франкфурт од пред неколку дена, веќе може да се пофали и со првото престижно признание

Во сериозна конкуренција, SUV моделот успеа да собере 28% од гласовите во традиционалниот конкурс Grand Prix Auto Plus RTL и на тој начин да ја освои наградата за Најдобар нов сериски автомобил на меѓународниот форум.
Dacia Duster

– Наградата Grand Prix Auto Plus RTL е доказ за тоа дека автомобилите се повеќе, од кога и да било, се нешто што ги тера луѓето да сонуваат, коментира Франсоа Марио, директор за продажба и маркетинг на Dacia. -Победата на целосно новиот Duster во оваа трка ја потврдува неговата привлечност, што ја наоѓаме во неговиот нов авантуристички стил. Со Duster, Dacia им нуди на своите клиенти можност да ги задоволат апетитите без да потрошат многу пари.
Dacia Duster

По 7 години пазарно присуство и повеќе од 1.000.000 реализирани единици, новата Dacia Duster доаѓа не само со целосно нов екстериер, зголемено ниво на опрема, туку и со нов и уште пофункционален ентериер, во кој од компанијата обратиле сериозно внимание на квалитетот на материјалите и обработката. Со формирањето на нови товарни прегради, во внатрешноста на патничкиот простор има вкупно 28,6 литри слободен багаж. Опремата на Dacia Duster е надграден со Multi-view камера, систем за предупредување при позиционирање на друго возило во мртвата точка на погледот на возачот, автоматски клима уред, заштитни воздушни перници тип завеса, систем за безклучен пристап до внатрешноста и стартување / гасење на моторот преку копче, автоматски предни светла и многу повеќе. Новиот Dacia Duster доаѓа со подобрен погон на четири тркала, како и системи за поддршка при спуштање и нагорнина. Автомобилот ќе се нуди со избор меѓу два бензински двигатели – SCe 115 и TCe 125 (верзии со погон на 2 и четири тркала) со мануелен менувач, и два дизел мотори – dCi 90 (погон на две тркала ) со механички пренос и dCi 110 (4Х4) со можност за комбинирање со автоматски менувач EDC. SCe 115, исто така, ќе биде достапен во модификација на ТНГ.

Поврзани вести

Back to top button