fbpx

Dacia се пофали со новото лого и новиот бренд идентитет

Романскиот производител Dacia добива нов и помодерен дизајн на своето лого, заедно со новиот бренд идентитет на марката која е дел од Renault групацијата

Откако групацијата Renault ги најави своите амбициозни планови за иднината, Dacia влегува во една нова ера. За таа цел го обнови и го редизајнираше своето лого, а исто така го обнови и својот бренд идентитет кој го става фокусот на „основните работи“. На новото лого е испишано името „Dacia“ со големи букви, а новиот амблем едноставно означува DC во симетричен стил. Интересно, ова не е првпат да го видиме новото лого, бидејќи истото се појави за прв пат на осветлената решетка на Bigster концептот во јануари оваа година, кога редизајнираното лого беше поставено на страниците на возилото.

Фонтот има интересен, футуристички изглед и поедноставени букви. Зелената боја е потсетување на блискоста која брендот ја има со природата – особено за возилата наменети за сите терени, како што е Duster.

Во Dacia сакаат да се осигураат дека логото ќе претставува робусност и стабилност, додека неговата симплистичка природа ќе истакнува дека овој бренд е фокусиран на најважните работи. Кога станува збор за новиот бренд идентитет на романската марка, истиот ќе почне да се применува од јуни 2021 година на сајтовите на брендот, рекламирањето и брошурите, а од почетокот на 2022 година новиот бренд идентитет ќе треба да го користат и дилерите, додека првиот модел кој ќе го понесе новиот амблем ќе биде претставен во втората половина од 2022 година. Овој модел би можел да биде престојниот адут на Dacia во C-SUV сегментот, кој беше најавен од страна на Bigster концептот.

Во меѓувреме, Dacia се подготвува за премиерата на освежениот Duster кој треба наскоро да ја доживее својата премиера, а по него треба да пристигне и караванската верзија на Sandero/Logan.

 

Поврзани вести

Back to top button