fbpx

Dacia Spring е најдобриот електричен автомобил според GreenNCAP

GreenNCAP им дава резултати на потрошувачите за еколошките перформанси на денешните автомобили, a најдобар во тој поглед е Dacia Spring

GreenNCAP им дава резултати на потрошувачите за еколошките перформанси на денешните автомобили и промовира возила со најмало влијание преку систем за оцена со ѕвезди. Според најновата одлука, GreenNCAP објавува дека севкупниот победник во 2022 година – автомобилот со најмало влијание врз животната средина – е Dacia Spring.

Опремен со електричен погон, Spring ја понесе ласкавата титула откако постигна севкупен рејтинг со пет ѕвезди и ги надмина другите електрични возила како што се Tesla Model 3 и Cupra Born. Исто така денес, Green NCAP го објавува својот најнов сет на резултати кои вклучуваат три автомобили на бензин: Kia Picanto (оценка со 3 ѕвезди), BMW Серија 2 Active Tourer (оцена со 2 и пол ѕвезди) и VW Touran (2 ѕвезди) како и автомобилот со дизел гориво Opel Mokka (оцена со 3 ѕвезди).

Dacia Spring, како и другите електрични возила, постигна максимални резултати во Индексот за чист воздух, но исто така го постигна највисокиот резултат на GreenNCAP во Индексот на стакленички гасови и досега невидениот 9,8 во Индексот на енергетска ефикасност. Поради својот чист електричен погон и малата тежина, компактниот градски автомобил на Dacia добива максимални поени во три од четири тестови, со потрошувачка на енергија помала од прагот на максимални поени на Green NCAP. 89% од енергијата повлечена од електричната мрежа е достапна на излезната страна на батеријата, што укажува на ефикасен процес на полнење и празнење. Резултатите од тестот докажуваат дека Spring е еколошки автомобил, не само поради отсуството на локални емисии на загадувачи, туку и поради неговата мала потрошувачка на енергија.

Зад себе ги остави Tesla, Renault, Cupra, Hyundai

Dacia Spring доби вкупна оценка од 9,9, по што следи Tesla Model 3 (вкупен резултат 9,8). NIO eT7, Renault Megane E-Tech и Cupra Born постигнаа вкупни резултати од 9,6. Audi Q4 e-Tron и Hyundai Ioniq 5 исто така се закитија со пет ѕвезди во дел од категориите. Сепак, резултатите за енергетската ефикасност на автомобилите беа тие што ја направија критичната разлика во вкупниот резултат на возилото. За разлика од Dacia Spring, овие автомобили не презентираа вредности на потрошувачка доволно ниски во овој Индекс за да добијат врвни резултати. Ioniq 5, на пример, доби 9,1 во Индексот за енергетска ефикасност, што како последица го намали вкупниот резултат на автомобилот.

„Со овој извонреден резултат, суперминито на Dacia поставува стандарди за индустријата. Dacia тргна да создаде супермини што одговара на потребите на потрошувачите во неговиот дизајн, но и на предизвиците за одржливост на нашата планета. Резултатот е „зелено и еколошкo“ возило. Со овој модел, компанијата е пред многу други производители во однос на влијанието врз животната средина“, вели д-р Александар Дамјанов, технички менаџер на GreenNCAP.

Матичната организација на Green NCAP, Euro NCAP, која ги оценува возилата според нивните безбедносни перформанси, би сакала компанијата да ја преземе истата долгорочна посветеност на безбедноста.

„Резултатите потенцијално би можеле да бидат уште поизвонредни и да им понудат на потрошувачите идеален избор за купување што обезбедува перформанси и за одржливост и за безбедност“, истакна д-р Алед Вилијамс, програмски директор на Euro NCAP.

Тестираниот Spring имаше гуми со димензии 165/70R14 со носивост и индекс на брзина од 81H. Декларираниот капацитет на батеријата е 26,8 kWh, а декларираниот домет на Spring е вкупно 230 км, односно 314 km во градско возење. Неговата декларирана потрошувачка е 13,9 kWh/100 km, а тежината на возилото е 970 кг.

Поврзани вести

Back to top button