ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Daimler и Bosch со пилот проект за автоматско паркирање

Германскиот гигант Daimler AG и Robert Bosch GmbH добија дозвола да направат пилот проект за автоматско паркирање

Овој проект овозможува паркирање на автомобилот преку апликација. Возачот ќе го остави автомобилот на точно утврдено место пред да го активира паркирањето преку апликацијата. Проектот ќе се спроведе така што Bosch ќе обезбеди инфраструктура, додека пак Daimler технологијата за таканаречениот „автоматски паркинг”. Според Daimler овој тип на паркирање ќе обезбеди простор за 20% повеќе возила во ист простор.

„Автономното возење е поблиску отколку што очекуваме. Автоматскиот паркинг во Mercedes-Benz музејот покажува колку далеку технологијата има стигнато”- изјави Михаел Хагнер од одделот за развој на Mercedes-Benz.

паркинг

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close