fbpx

Daimler ќе ја електрифицира и G-класата

Mercedes-Benz планира да додаде целосно електрична верзија во опсегот на G-класата, што ќе помогне во исполнување на уште построгите CO2 регулативи

Целосно електричната верзија на G-класата ќе му помогне на Mercedes-Benz да ги исполни идните регулативи за емисија на CO2, кои од година во година стануваат поригорозни. Ова, исто така ќе обезбеди иднина на моделот, во време кога целото внимание е свртено кон електрификација и целосно исклучување од употреба на конвенционалните мотори.

Инаку, G-класата, во својата најмоќна AMG верзија, има емисии на CO2 од дури 304 грама на километар. Ола Калениус, извршен директор на Daimler, на 7ми ноември на Automobilwoche Congress најави дека ќе G-класата ќе добие и своја верзија со нула емии. „Ние ќе ја електрифицираме G-класата и значително ќе го подобриме балансот на СО2 на погонот кога ќе има надградба на моделот“, рече Калениус.

G-класата

Калениус не даде никакви детали за времето на лансирање на електричната G-класа, ниту пак информации за нејзиниот погон. Најверојатно ќе ја користи ознаката EQ што Mercedes ја користи за своите возила на батерии, како што е EQC компактниот кросовер.

Робусниот теренец многу малку го смени својот изглед откако беше воведен во 1979 година, а неговата најнова генерација е поголема, полесна и полуксузна од својот претходник и дебитираше на Саемот во Детроит, минатата година.

Поврзани вести

Back to top button