fbpx

Питерхансел најбрз во Дакар, но сепак далеку од Саинс

Стефан Петерхансел ја постигна својата 40-та етапна победа во кариерата на престижното рели Дакар, па единствено пред него во историјата на натпреварувањто е Ари Ватанен со 50 фазни триумфи

Но и покрај триумфот, возачот на Peugeot, сепак, значително заостанува зад својот тимски колега Карлос Саинс за нешто повеќе од еден час во генералниот пласман. Со оваа победа тој го намали заостанувањето за само неколку минути и се уште е надвор од борбата за конечен успех. Инаку, ова беше втората фазна победа за Французинот за 2018 и таа дојде во втората најдолга делница на релито меѓу боливискиот градови Ујани и Тупиза, со должина од 498 километри во тркачки режим.

Дополнително, натпреварувачите немаа право на помош во траење од 48 часа и беа „затекнати“ од пороен дожд на делницата од етапата која се возеше на над 4.000 метри. На втората позиција кај автомобилите финишираше уште еден возач на Peugeot – Сирил Депре, кој во генералниот пласман е на 45 часа зад лидерот поради катастрофата уште во првите денови на релито.

Трет беше Насер Ал-Атија со Toyota, кој спречи Петерхансел да го заземе второто место во вкупниот поредок. Катарецот беше најбрз на почетокот на денот, но потоа забави. Лидерот Карлос Саинс беше прилично внимателен и остана петти, седум минути зад победникот. Клупските колеги на Ал Атија во Toyota, Бернард тен Бринкли и Жиниел де Вилие се на четвртата и петтата позиција, а зад нив се наоѓа и единствениот пилот на Mini во топ 10, Јакуб Прижигонски, кој е на два и пол часа зад Сајнс.

Кај мотоциклите на Дакар, Ксавиер де Султре направи грешка, претрпе инцидент и доби фрактура на левиот лакот и на левото колено, поради што го заврши своето учество. Пилотот на Yamaha не успеа да стигне до целта на Дакар и во двата претходни настапи, бидејки причините беа технички. Хоан Барда со Honda исто така доживеа несреќе и загуби 12 минути. Етапата беше освоена од Антоан Мео со КТМ, што беше недостижно за конкурентите. Во севкупното рангирање се уште на прво место е Адриен ван Беверен (Yamaha), со водство од само 22 секунди.

Русинот Дмитри Сотников со Kamaz беше најбрз во маратонската фаза, а клубскиот колега Едвард Николаев беше трети и се уште е на чело во генералниот поредок кај големите машини.

Поврзани вести

Back to top button