Дали навистина доаѓа крајот на дизелот?

Продажбата на дизел мотори во Европа продолжува да опаѓа, во првиот квартал од 2018 година евидентиран е пад од 17%

Според експертите, филозофијата за дизел економија е целосно исцрпена, оставајки простор за електричен и хибриден транспорт.

Истражување на француската маркетинг агенција AAA Data покажува дека во периодот 1999-2007 година, бројот на продадените дизел автомобили во Европа растел стабилно. Максималниот резултат бил постигнат во 2011 година, кога 55,7% од новите автомобили што се продаваат на континентот биле дизел. Потоа доаѓа пад, кој според експертите се должи на активниот развој на хибриди и електрични возила, но и забраните за сообраќање на овој вид возила во европските метрополи.

дизелОсобено индикативни се резултатите во Норвешка, каде екологијата е клучна. Додека дизел моторите се уште имаат статус на “зелени” мотори, нивниот број постојано растел. Во 2000 година, во Норвешка, автомобилите со овој тип на гориво бил под 10%, но во 2007 година достигнал 74,7%.

Со развојот на пазарот на поеколошките хибриди и електромобили, популарноста на дизелите нагло опаднала и во моментов ова е еден од најниските во Европа – 22,7%, електрични возила се веќе над 50%.

Сепак, тоа е во Норвешка, но на глобално ниво на континентот последните податоци не покажуваат дека се зголемила премногу продажбата на електрични модели и хибриди, поради падот на побарувачката на дизел. За првите три месеци на 2018 година сериозен раст запишуваат бензинските модели, дури над 300.000 повеќе во однос на лани, или вкупно до 2,3 милиони примероци, што е 55,5% од пазарот. На дизелите продажбата за истиот период изнесувала 1,5 милиони единици (39,7% од пазарот, намалување од 17%).

дизел

Само на уште три пазари во Европа се популарни дизелските изведби: Италија, каде разликата е речиси два пати во корист на дизелите – 316.317 во однос на 189.768 бензински, Португалија – 34.138 дизелски, 25.314 бензин и Бугарија, каде за првиот квартал биле продадени 4.810 нови дизел автомобили, 4.546 бензински.

Што се однесува до резултатите на автомобили со електричен погон (електрични и plug-in хириди), нивниот вкупен број за првиот квартал е 271.122 единици. Тоа е едвај 6,5% од пазарот, а најмала е побарувачката во Словачка, Словенија и Бугарија.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close