Дали е ова новиот Ford Focus RS?
Претходно оваа година Ford ја претстави четвртата генерација на Focus, но најмоќната верзија засега е ST Line, а Focus RS би требало да се појави во 2020 година
Секако тоа не е изненадување – верзијата RS се појавува кон крајот на животниот циклус на секоја една генерација на Focus, па до 2020 треба да очекуваме и дотерување на основниот модел. Веќе неколку месеци наназад има претпоставки дека Focus RS ќе има хибриден погон.
Тоа би било додадено на подобрената и посигурна верзија на 2.3 литарскиот EcoBoost мотор. Погонот на сите тркала исто така останува на новиот модел. Одделните независни дизајнери веќе се обидуваат да дознаат како ќе изгледа надворешноста на новиот RS.
Од компанијата веќе се слушаат гласови дека Focus RS е многу блиску до горната граница на можната цена на ваков тип на возила, а дополнителното нејзиното зголемување би ги пренасочил клиентите кон други брендови. А, со тоа значи дека следниот RS може и да не добие толку многу нови технологии.