fbpx

Дали е ова голем SUV на Hyundai?

На глобалниот пазар каде што многу автомобили се продаваат со минимални разлики меѓу нив, вкусовите на купувачите тешко е да се променат

На пример, во САД, интересот за големи SUV изведби со седум седишта останува огромен, додека во Европа мала е веројатноста тие да се појават на патот. Во 2019 година, Kia со својот масовен SUV – Telluride ќе влезе во овој сегмент. Заедно со него, ќе има идентичен модел на Hyundai, кој најверојатно ќе се вика Palisade. И додека моделот на Kia веќе е прикажан на јавноста, овој на Hyundai останува мистерија.

Ова ги нетера автомобилските дизајнери да покажат како најверојатно ќе изгледа Palisade.

За таа цел протекоа слики од прототип на моделот, каде е комбиниран дизајнот на концептуалниот модел HDC-2, за кој се сметаше дека ќе се појави во сериско производство. Корејскиот теренец ќе користи иста платформа со Telluride, а исто така и мотори.

Palisade ќе има погон на предни тркала или погон на четири тркала и ќе се придвижи од 3.3 литарскиот V6 мотор. Истиот ќе биде комбиниран со 8-степен автоматски менувач. Соодветно на тоа, моделот ќе добие најсовремени безбедносни системи и системи за помош на возачот, како и огромни опции за интернет конекција.

Hyundai

Поврзани вести

Back to top button