НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Datsun со нов автомобил за Русија

Компанијата Datsun на Московскиот автосалон кој ги отвора вратите на 29-ти август ќе се претстави со сосема нов модел

Станува збор за остварување кое очигледно ќе е поголемо од сегашниот петвратен модел Datsun mi-DO, но не и кросовер, кој беше најавуван подолго време?! Всушност веројатно ќе видиме нешто измеѓу, подигната варијанта на хечбек со off-road надворешни линии и пластичен кит. Првата фотка е придружена со порака – „Поголем од хечбек. Посилен од градски автомобил “, со напомена од компанијата дека оваа машина за „активен одмор“ е развиена врз основа на параметри од побарувањата на фановите на брендот.

Datsun

Во моментов патниот хечбек mi-DO е со клиренс од 174 mm, a за оваа цел ќе нарасне до 182 mm. Нема да изгледаат лошо со шини на покривот, кои засега се скриени. Автошоуто во Москва, според челниците на Алијансата, предводени од Карлос Гон, ветуваат дека ќе биде со off-road насоченост. На штандовите ќе се најдат Lada Vesta Cross, Renault Logan Stepway и можеби новиот Datsun mi-DO Cross.

Интересно е да се спомене дека индиската верзија Datsun Cross е со дури седум седишта.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close