fbpx

Дебакл на Ferrari, Хамилтон славеше во Австрија

Втората трка во сезоната од Formula 1, Големата награда на Штаерска беше одбележана со победата на Луис Хамилтон и инцидентот во првиот круг меѓу возачите на Ferrari

Луис Хамилтон немаше поголеми проблеми да дојде до својата прва победа во сезоната, вкупно 85-та во кариерата, а неговата задача беше значително олеснета откако во првиот круг, двајцата возачи на Ferrari, Шарл Леклер и Себастијан Фетел беа дел од еден инцидент, а кратко потоа се откажаа од трката.

Шесткратниот светски шампион на патеката „Red Bull Ring“, каде што се возеше и трката за Големата награда на Австрија минатиот викенд, успеа да дојде до својата 85-та победа и сега е на шест триумфи од рекордот на Михаел Шумахер. Пред само една недела, Хамилтон на истата патека го освои четвртото место, а овој пат не дозволи во ниту еден момент да биде загрозен и водеше од самиот почеток па се до крајот на трката, така што неговиот триумф во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Второто место на трката му припадна на Валтери Ботас, клупскиот колега на Хамилтон од Mercedes, со што ја заокружија еден-два победата. Место на пиедесталот имаше и за возачот на Red Bull, Макс Ферстапен. Зад првите тројца, следуваат и Албон, Норис, Перез, Строл, Рикардо, Сајнц и Квјат.

Хамилтон сосема заслужено славеше на Големата награда на Штаерска, откако беше најбрз на сите тренинзи, на квалификациите и на трката, а од друга страна Ferrari по оваа трка ќе има големи главоболки. Инцидентот кој го предизвикаа Леклер и Фетел резултираше со тоа двајца возачи на италијанскиот тим да ја завршат трката во рпвиот круг уште од Големата награда на Сингапур во 2018 година.

По овие две трки, во генералниот пласман води Ботас со 34 бода, следува Хамилтон со 27, односно Норис со 26. Кај конструкторите прв е Mерцедес со 80, пред McLaren кој има 39. Шампионатот во Formula 1 продолжува следниот викенд со Големата награда на Унгарија на Хунгароринг.

Поврзани вести

Back to top button