fbpx

Деби за освежената Seat Arona

Seat го претстави освеженото издание на својот компактен кросовер Arona кој пристигнува со неколку промени во внатрешноста и надворешноста

Шпанската марка Seat го претстави првиот од двата освежени модели кои дебитираат денеска. Освеженото издание на компактниот кросовер Arona пристигна, а најважниот новитет кој го добива овој модел на средина од својот животен век е лансирањето на робусното Xperience ниво на опременост. Овој трим доаѓа на местото на Xcellence и со себе носи неколку визуелни промени со кои се нагласува кросовер карактерот на Arona. Со оглед на тоа дека станува збор за повисоко ниво на опременост, Arona пристигнува со Full LED предни светла, заедно со новиот управувач со Nappa кожа.

Seat Arona

Сите верзии на освежената Arona ќе го добијат логото на Seat со двобоен хромиран финиш, додека името на моделот ќе биде испишано со ракописни букви на задниот дел. Фејслифтот со себе носи и три нови бои на екстериерот, а тоа се Sapphire Blue, Camouflage Green и Asphalt Blue опциите, заедно со 17-инчни тркала од лесна легура и две 18-инчни опции. За дополнителна сума, купувачите можат да го добијат покривот во новата Candy White нијанса, која се приклучува на Magnetic Gray и Black Midnight боите.

Seat Arona

Во тек со новата филозофија на Seat

Секое ниво на опременост пристигнува со свој сопствен дизајн на предната решетка, а сите верзии на Arona имаат LED фарови. Seat ги репозиционираше магленките повисоко во Xperience нивото и го редизајнираше покривниот спојлер и задниот дифузер. Во внатрешноста, како стандард ќе се нуди 8,25-инчниот екран на допир, а купувачите ќе можат како опција да го изберат и поголемиот 9,2-инчниот екран. Инфозабавниот систем може да биде комплементиран со 10,25-инчниот дигитален инструмент кластер.

Seat Arona

Освежената Arona ќе се нуди со 1.0 и 1.5 TSI моторите, каде моќноста варира помеѓу 95 и 150 КС. Во понудата нема да се најде дизел агрегат, но како алтернатива за погон со мала потрошувачка, Seat ќе го понуди 1.0 TGI агрегатот кој е компатибилен со компресиран природен гас и нуди до 50 проценти помала потрошувачка од обичниот бензинец и 30 проценти помала потрошувачка во однос на дизел моторите.

Освежената Seat Arona ќе влезе во производство во третиот квартал од годинава во фабриката во Марторел, Шпанија.

Поврзани вести

Back to top button