fbpx

Delage D12 ја оживува француската марка со електрифициран V12 погон

Поминаа речиси 70 години откако Delage го направи својот последен автомобил, со оглед на тоа дека француската марка стави крај на произведувањето автомобили во 1953 година

Француската марка Delage порано доминираше во ерата на класичните автомобили во 30-тите години на минатиот век како познат производител на луксузни и спортски автомобили. Сега, по речиси 70 години хибернација, францускиот бренд повторно се буди со нов хиперавтомобил благодарение на Лорен Тапи, претседателот на Delage Automobiles, а во понудата се наоѓа D12 хибридниот хиперавтомобил.

Како што е и напоменато, Delage D12 е хиперавтомобил, напојуван од 7,6-литарски атмосферски V12 мотор, а моторот на внатрешно согорување добива помош и од електромотор. Комбинирано, вкупната моќност на стандардниот D12 е 1.115 КС која се испраќа до тркалата благодарение на осумстепениот автоматски менувач. Оваа верзија тежи само 1.400 килограми. Тука е и полесната верзија со помал електромотор која тежи 1.310 килограми и чиј мотор испорачува 1.024 КС.

Delage D12

Според компанијата, Delage D12 користи суспензија инспирирана од Formula 1. Поранешниот Formula 1 шампион Жак Вилнев исто така помогна со развојот на шасијата како тест возач, соработувајќи со тим на мотоспорт инженери.

Уште една уникатна карактеристика на D12 е седењето. Возачот е поставен во средина, додека патникот седи зад него, исто како во воените авиони-ловци. Покрај ова, D12 наводно спринтот од нула до „стотка“ го минува за само 2,5 секунди. Со огле дна ова, во Delage се убедени дека D12 може да постави рекорден круг на Нирбургринг.

Треба да се напомене дека Delage ќе произведе само 30 примероци од овој хиперавтомобил, а неговата цена ќе изнесува околу 2.000.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button