fbpx

Delphi направи нов систем за вбризгување на гориво

Компанијата Delphi на автомобилскиот симпозиум во Виена претстави нов систем за директно вбризгување на горивото во бензински мотор со притисок од над 500 бари

Во моментов, максималните перформанси за сериски автомобили се 350 бари. Жестоките еколошки барања за моторите со внатрешно согорување принудуваат производителите да бараат нови начини за намалување на штетните гасови. Еден од нив е токму зголемување на притисокот на вбризгување на бензин во комората за согорување.

На пример, на преминот од притисок од 200 на 350 бари се обезбедува намалување за 70% на испуштање на честички. Систем со 350 бари беше претставена од Delphi уште во 2016 година, а во 2017 година тој започна да се користи од концернот VW. Сепак, стандардот за автомобилската индустрија е сега 200-250 бари.

DelphiРаботите сепак брзо се менуваат и од Delphi најавија дека се подготвени да испорачуваат на клиенти инјектори со притисок над 500 бари. Прототипи беа прикажани во Виена, а од компанијата ветуваат дека сериското им производство и снабдувањето до клиентите ќе стартува во 2022 година.

Зголемувањето на притисокот ќе обезбеди намалување на честичките со 50% во споредба со мотори со 350 бари. Креаторите на техологијата тврдат дека преминот кон 500 бари ќе го намали и нивото на CO2, како и потрошувачката на гориво, но не прецизираат со колку.

Голема предност на новите инјектори е дека тие лесно се вклопуваат во конструкцијата на постојните бензински мотори. Новиот систем од Delphi е именуван како 500+ bar GDi, што значи дека тој може да биде со притисок од 520 или дури 550 бари.

Поврзани вести

Back to top button