Детроит 2018: Деби за целосно новиот Mercedes G-класа
По куп фотографии и шпионски кадри, Mercedes-Benz конечно ја покажа целосно новата генерација на офроудерот G-класа на салонот во Детроит
Иако на изглед SUV изведбата не е радикално променета, под лимот се кријат многу подобрувања.
Слабо зголемените димензии се компензираат со малку понизок коефициент на отпор на воздухот, а тоа е постигнато со вешто направен распоред на клучни аеродинамични елементи на надворешноста. Нова визија имаат фаровите, како и стоп светлата, а страничните трепкачи добиле поинаква форма и позиција. Внатрешноста е целосно нова, веќе нема голем дел од класичните копчиња. Таблата е инспирирана од актуелните модели на компанијата и на истата доминира голем централен дисплеј. Воланот е различен, а ентериерот е многу луксузен, со повеќе кожа, елементи од дрво и карбон. Стандардната верзија на новиот Mercedes-Benz G-класа ќе биде опремена со аналогни сензори, но како опција ќе се нуди 12,3-инчен дигитален инструмент панел.
Целосно надградената G-класа продолжува да користи самоносечка конструкција на суспензијата, каква имаше и претходниот модел. Ова обезбедува за моделот прекрасни офроуд квалитети, но неколку промени на конфигурацијата на предната оска ќе треба да придонесат за подобреното однесување на асфалтот и во удобноста.
Mercedes G-класа добива три диференцијали, а клиренсот на автомобилот е зголемен за 6 mm до 241 милиметар, а максималната длабочина на „телото“ се зголемила за 10 cm до 70 сантиметри. Сеуште не се јасни моторите за Европа, но во САД моделот ќе се продава со 4.0 V8 битурбо мотор на германската компанија, а 416 коњски сили ќе се пренесуваат до сите четири тркала преку новиот 9-степен автоматски менувач.