fbpx

Детроит 2018: Специјално издание на Ford Ranger за САД

Американскиот производител Ford го претстави на домашната изложба во Детроит актуелниот пикап Ranger со целосно нов дизајн, специјално направен за пазарот во САД

Преработениот практичен автомобил ќе се продава со две конфигурации на кабината – SuperCab (со половични задни врати) и SuperCrew (со четири врати). Ford го окарактеризира новиот модел како автомобил за урбаните жители кои го наметнуваат нивниот дух за комуникација со природата. Токму затоа новиот Ford Ranger е дизајниран за оние кои го комбинираат градскиот живот со off-road авантури во текот на викендот.

Рамката за пикапот е изработена од челик со висока цврстина, како и двата браници.

Под хаубата има редна „турбочетворка” EcoBoost со зафатнина од 2.3 литри во спрега со 10-степена автоматска трансмисија. Моќноста на моторот не е откриена, но во Mustang оваа изведба може да се пофали со 310 КС и 475 Nm. Во опремата на верзијата со задни тркала е вклучен диференцијал Dana Trac-Lok, а сите модификации на пикапот можат да бидат опремени со електронски заклучување на задниот диференцијал, кој доаѓа како стандардна опрема за верзиите FX2 и FX4.

Ranger

Пакетот FX4 Off-Road се состои од специјални амортизери, автомобилски гуми и челична заштитна плоча одоздола, како и Terrain Management System за промена на поставката во зависност од подлогата. Има и функција Trail Control, која му овозможува на возачот да фискира брзина и да се фокусира исклучиво на воланот.

Кабината на новиот Ford Ranger е дизајнирана за пет лица. Во листата со достапна опрема на моделот како опција влегува имиџ системот SYNC 3 со 8-инчен екран на допир, како и колоритни дисплеи на инструменталната табла. За доплата има wi-fi 4G LTE пристап, 115-волтен излез, премиум аудио систем B & O Play, навигација и LED предна и задна оптика.

Ranger

Поврзани вести

Back to top button