fbpx

Детроит 2018: Новиот Hyundai Veloster поагресивен и помоќен

Hyundai ја претставува новата генерација Veloster на салонот во Детроит

Машината ја задржува конфигурацијата на своите врати 2 + 1, односно од страната на совозачот има две врати за да го олесни пристапот до задните седишта. Основен мотор за новината ќе биде 2.0-литарски бензински агрегат кој ќе работи со 6-степен рачен или со 6-брзински автоматски менувач. Моќта е 147 КС.

Veloster Turbo има 1.6-литарски турбо мотор со 201 КС, со автоматска трансмисија од седум степени и две спојки. Исто така постои и врвен модел Veloster N. Најмоќната верзија е развиена од глобалниот центар за развој на брендот во Намјанг и оптимизиран на легендарната патека на Нинбургринг, во Германија, а доаѓа со дволитарски турбо мотор кој е способен да генерира максимална моќност од 275 коњски сили и ќе биде ставен во производство во септември оваа година.

Hyundai Veloster
1 | Hyundai Veloster
2 | Hyundai Veloster

    Неговата продажба во САД ќе започне во последниот квартал од оваа година. Сите верзии на спортскиот купе се опремени со системот за контрола на вртежи, кој го подобрува прилепувањето на ESP. Турбо моделите исто така ќе имаат ревидиран механизам за управување, како и некои подобрувања на суспензијата. Инаку производство започнува во март оваа година во Јужна Кореја, а првите испораки во Европа се очекува да започнат во втората половина на 2018 година.

    Поврзани вести

    Back to top button