fbpx

Детроит 2018: Infiniti претставува футуристички Q Inspiration Concept

Infiniti ја објави првата фотографија на целосно нов концептен модел Q Inspiration, кој ќе биде претставен за прв пат во светот за време на салонот во Детроит на 15 јануари

Во моментов од Infiniti не коментираат за техничките детали за својот нов концепт, туку нудат само детали од дизајнот на новиот футуристички модел.

Q Inspiration
-Како цел си поставивме да ја пренесеме традиционалната архитектура на автомобилските седани на повисоко ниво во еволуцијата на компанијата, коментира Карим Хабиб, шеф- дизајнер на Infiniti. Експериментиравме со нови пропорции во еден утврден сегмент, со нови разумни и компактни погонски агрегати, па Q Inspiration има пократка хауба и издолжена каросерија, со сите предности за уште повеќе простор во внатрешноста, удобност и комфор.

Поврзани вести

Back to top button