fbpx

Детроит 2019: Нисан со уникатен електричен концепт

Нисан го претстави својот концепт IMs на интернационалниот саем за автомобили во Детроит, дефинирајќи го како сосема нов сегмент од подигнатите спортски седани

Со моќен надворешен дизајн, обликот на Nissan IMs е поблизок до оној на седан автомобилите отколку на кросоверите, а доаѓа со целосно електричен погон на четири тркала. Со долго меѓуоскино растојание, електричното возило е конфигурирано со екстремно просторен ентериер од четири места за седење, односно пар предни седишта и заден пар со можност едното од нив да се преклопи и да се користи како потпирач.

Друга интересна карактеристика на Nissan IMs е интегрираниот систем за самоуправување кој може да се користи кога возачот не е во расположение за возење. Nissan IMs се напојува со пар електрични мотори, батеријата има импресивен капацитет од 115 kWh, а моќта на системот е 483 коњски сили и вртежен момент од 800 Nm.

Автономијата на концептниот дизајн на Nissan IMs, има приспособливо воздушно потпирање, и може да помине над 600 километри со едно полнење.

Поврзани вести

Back to top button