Детроит 2019: GAC Motor остави впечаток со концептниот модел Entranze

Кинескиот авто-производител GAC Motor остави впечаток на автомобилскиот саем во Детроит, покажувајќи ја светската премиера на концептниот модел ENTRANZE. Тој е презентиран за да ја покаже посветеноста на компанијата при разработката на идните модели на Кинезите.

Моделот Entranze е развиен од дизајн-центарот на GAC во Лос Анџелес, кој е насочен кон задоволување на желбите на американските купувачи. Концептот е навистина револуционерна визија за кинеска компанија, каде се укажуваат новините во насока на енергетиката на возилото, ново ниво на внимание кон корисниците и уникатен ентериер и екстериер.

За време на автосалонот кинеската компанија официјално објави дека ја регистрирала трговската компанија во Ирвин, во близина на Ел Еј, каде ќе се работи на маркетинг за брендот, планирањето на производите и финансиските операции во Северна Америка.

Во говорот исто така беше истакнато дека развојниот центар на компанијата – GAC R & D Center Detroit веќе функционира официјално. Базата е во Мичиген, а во неа се инвестирани 4,4 милиони американски долари. Центарот ќе асистира во дизајнот и развојот на производите на GAC Group наменети за пазарот во САД, како и за други странски пазари. Центарот ќе се фокусира посебно на развој на производите, најновите технологии, бирање на таленти и нивната обука.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close