fbpx

Детроит 2019: Новото Shelby GT500 доаѓа со 700 коњски сили (Видео)

Ford го покажа новиот Shelby GT500 и ги откри првите детали за најмоќниот автомобил во целата своја историја, која има право слободно да се движи по светските патишта.

Со пазарно лансирање во есента оваа година, новиот Mustang Shelby GT500 доаѓа со 5.2 литарски V-облик, осумцилиндерски мотор кој е во состојба да генерира импресивна максимална моќност од 700 коњски сили. Автомобилот, опремен со иновативен 7-степен роботизиран менувач, ќе понуди можност за забрзување од 0 до 100 km/h за малку над 3 секунди и за возење на класичната четвртина милја од место за помалку од 11 секунди.

Mustang Shelby GT500 е опремен со специјално оптимизирана суспензија, единствени за моделот гуми Michelin, подобрен систем за сопирање, импресивен аеродинамичен пакет, карбонски 20-инчни фелни и многу други работи.

Иако има дефинитивно спортската натура, Mustang Shelby GT500 доаѓа со луксузно исполнет ентериер со карбонски и алуминиумски апликации, високо квалитетни материјали, можност за нарачување на тркачки седишта Recaro, аудио B&O Play, инфо-комуникациски и мултимедијален систем SYNC® 3 со 8-инчен екран и други.

Поврзани вести

Back to top button