fbpx

DFSK се подготвува за европска електрична офанзива

Кинеските автомобилски производители, пред сè DFSK земаат се поголем замав во лансирањето на нови модели во светот, пред сè во Европа

DFSK станува сериозен глобален играч во автомобилската индустрија. Со првите 200 електрични возила за Германија, Кинескиот конзорциум започнува со офанзива за освојување на светските пазари, а новата цел е етаблирање во Европа. DFSK веќе ја испорача првата пратка од Seres 3 за Германија, што претставува едно ново патешетвие за Seres на европскиот пазар и ново поглавје во историјата на DFSK. Со првата пратка се одбележува и ветувачкиот старт кој го има компанијата на Стариот континент, а од DFSK ветуваат дека во иднина сè повеќе електрични автомобили на подбрендот Seres ќе се приклучат на светската дистрибуциска мрежа.

DFSK имаше доста успешна година зад себе, особено во последниот период, најпрво со лансирањето на новиот SUV модел Glory 500, кој на кинескиот производител му ветува освојување на нови пазари. По ова следуваше премиерата на Seres SF5 електричните модели, заедно со Glory ix7 и Glory 580 Star Version. DFSK ги презентираше моделите со премиера на Facebook давајќи им можност на партнерите и клиентите да се запознаат со нивните модели.

Кога станува збор за Seres S3 моделите кои ќе бидат пласирани на европскиот пазар, треба да се истакне дека станува збор за електричен автомобил кој се напојува со електромотор кој испорачува 163 КС и 300 Nm вртежен момент. Капацитетот на батеријата изнесува 52 kWh, која овозможува автономија на движење од 300 километри според WLTP стандардите, односно 405 според NEDC.

DFSK

Со лансирањето на брендот Seres, кинескиот автомобилски гигант има за цел да ги приближи своите возила до европските клиенти, а со првата пратка веќе ја одбележува својата офанзива. Официјалниот застапник за DFSK и Seres во Македонија, ABC Brother, истакнува дека првите примероци на Seres 3 за македонскиот пазар ќе пристигнат веќе во јануари 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button