fbpx

Дигитален клуч за новата Hyundai Sonata

Откако пред неколку недели беше презентиран новиот систем на дигитален клуч, сега од Hyundai соопштуваат дека првиот автомобил кој ќе биде опремен со новата технологија е новата генерација на Sonata

Новата технологија на Hyundai дава можност на сопственикот, а и на сите на кои тој дал пристап, преку мобилен телефон да го отклучат автомобилот, да го стартуваат моторот и да ја управуваат, без да е потребно присуството на класичниот контактен клуч со далечинско.

Иновативниот систем на Hyundai користи NFC (Near Field Communication) технологија, која нуди многу високо ниво на безбедност и за функционирање е потребно мало растојание помеѓу мобилниот телефон и возилото. Благодарение на специјално развиена апликација, сопственикот има далечински пристап и до некои од системите на автомобилот, вклучувајќи отклучување/заклучување на вратите, активирање на алармот и стартување на моторот.

Благодарение на неговата функционалност за споделување на дигиталниот клуч, сопственикот може да даде пристап од возилото на пријатели или членови на семејството. Во исто време, тој останува во целосна контрола и може да го ограничи периметарот на користењето на автомобилот.

Поврзани вести

Back to top button