fbpx

Дилерите на Audi и BMW во паника по заканите на Трамп

Само пред неколку дена претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно им се закани на европските автомобилски прозиводители со воведување на царини на нивната продукција

Засега работите се ограничуваат со изјавите на Трамп на Twitter, но дилерите на автомобилските гиганти од Западна Европа, посебно на BMW и Audi, се загрижени за своите позиции. Во изјава за Automotive News, потпретседателот на компанијата Priority 1 Automotive Group, Марк Коен, изрази сериозна загриженост во врска со плановите на американскиот претседател да воведе данок од 20% за увезените од ЕУ автомобили во САД.

Тој очекува таквото решение да се одрази негативно не само на рејтингот на Трамп, но и да доведе до трагични последици за компанијата која продава автомобили на концерт Volkswagen AG и Daimler AG во Балтимор, во Мериленд. На слично мислење е и Френк Урсомарсо, шеф на компанијата Union Park Automotive, која е специјализирана во продажба на автомобили од марките BMW, Jaguar и Volvo во државата Делавер. Според него, намерите на Трамп се прилично застрашувачки, бидејќи ќе доведе до камата на германските автомобили и така ќе им даде предност на компаниите кои произведуваат автомобили на територијата на САД.

-Ние нудиме BMW 750 по цена од 111.000 долари. Ако се оданочи со 20% царина овој автомобил нема никогаш да се продава како што тоа е во моментов , категоричен е Урсомарсо.

ТрампПретседателот на Американската асоцијација на дилерите, Коди Ласк, за возврат смета дека ако Трамп воведе слични давачки, тоа ќе доведе до нарушување на довербата кон американскиот автомобилски пазар.

Ова заедно со зголемувањето на цените на челикот и алуминиумот, може да предизвика катастрофа во автомобилската индустрија.

Во 2017 година Mercedes-Benz продаде во САД 373.240 нови возила, а резултатот е сличен со оствареното во 2016 и 2015 година Во американските фабрики на брендот се произведуваат исклучиво кросовери GLE и GLS, како и седанот C-Class (од крајот во 2014 година).

Резултатот на BMW за минатата година е 305.685 примероци, во 2016 тој е 313.174, а во 2015 – 346.023. Во САД компанијата ги произведува SUV изданијата X3, X4, X5, X6 и X7, додека останатите модели се увезуваат главно од Германија.Volkswagen, Audi и Porsche регистрираа во 2017 година 339.676,во 2016- 226.511 и во 2015- 255.420 продажби. Компанијата Volkswagen ги произведува во фабриките во Чатануга, кросоверот Atlas и седанот Passat, додека останатите модели не само на брендот, но и на концернот како целина, се внесуваат во САД од надвор.

Веднаш по изјавите на Трамп акциите на двата најголеми германски производители Daimler BMW и Volkswagen AG, почнаа да паѓаат, што дополнително ја усложнува ситуацијата на компаниите во САД.

Поврзани вести

Back to top button