fbpx

Пад за дизелите + раст за бензинците = зголемување на емисиите на CO2

Според последните резултати на Здружението на автомобилски производители во Европа (ACEA) и Европската агенција за животна средина (EEA), во текот на минатата година на автомобилската бизнис сцена се забележува зголемување на CO2 емисиите со новите регистрации, а тоа се случува за прв пат од почетокот на 2010, од кога се собираат податоци

Од ACEA коментираат дека зголемувањето на CO2 емисиите во Европа, во текот на изминатата година изнесува 0,4%, или 118.5 грама на километар. Ова е поврзано со зголемувањето на регистрации на нови бензински автомобили во 2017 година, а пад на побарувачката на дизелските, Зголемување е евидентирано на петте најголеми пазари на континентот, Велика Британија (+0.8%), Франција (+ 0.6%), Шпанија (+ 0,5%) и Германија (+ 0.1%), а во Полска и Холандија е 1.43% и 2.27%.

Минатата година, регистрацијата на бензинските автомобили беше поголема од онаа на дизелските, што е прв пат од 2009 година. Според ACEA пазарниот удел на дизел автомобили во Европа се намалил за 5%, достигнувајќи ниво од 44.8%, додека оној на бензинските се зголеми од 45.8% до 49.4%.

CO2

– Како што покажуваат податоците на EEA, преминот од дизел кон бензин – во комбинација со релативно мало пазарно присуство на возила на алтернативен погон, се одразува на зголемувањето на CO2 емисиите кај европскиот возен парк на нови автомобили, коментира Ерик Јонаерт, генералниот секретар на ACEA. – Тоа ќе создаде сериозни проблеми во однос на остварувањето на идните CO2 цели, не само за предложените за 2020 година, туку и веќе за поставените за 2030 година.

CO2
Пазарниот удел на електрифицирани автомобили е со минимален раст од 1,1% до 1,5%.
– Корисниците испраќаат јасен сигнал: сеуште има премногу бариери – како недостатокот на инфраструктура, пристапност и километража за електричните автомобили да ги заменат дизелите, потенцира Јонаерт. – Идните намалувања на CO2 емисиите ќе биде силно поврзано со најдобрите продажба на електрични или автомобили со алтернативен погон и поради оваа причина овие бариери треба да бидат надминати итно.

Поврзани вести

Back to top button