fbpx

DMC подготви своја верзија на Ferrari 812 Superfast

Германски DMC го подготви го подготви модифицираниот Ferrari 812 Superfast наречен Spia кој се истакнува со aero kit и засилен V12 мотор

По претходно претставениот пакет доработки за Ferrari F12 Berlinetta, во германската тјунинг компанија DMC претставија слично решение и за актуелниот Ferrari Grand Touring модел 812 Superfast кој се напојува со еден од последните атмосферски V12 мотори и пристигнува со специјална Starshine Blue боја.

Во DMC со рекалибрирањето на централната управувачка единица и вградувањето на новиот титаниумски издувен систем „создадоа“ дополнителни 30 КС, па чудесниот 6,5-литарски V12 мотор наместо стандардните 800 КС, располага со 830 КС, што е доволно за супертспортскиот двосед на Ferrari наместо 340, да достигне максимални 350 километри на час. А покрај подобрите перформанси пристигнува и уште повеќе звук.

Spia е поставен на нов комплет од 21 и 22-инчни засилени алуминиумски фелни кои можат да се нарачаат во повеќе бои, а на нив се поставени Pirelli гуми. Покрај визуелниот ефект, за стабилноста помага и новиот карбонски насочувач на воздух под предниот браник, а од карбон се направени поголемите облоги на праговите, новиот заден дифузер за воздух, насочувачите за воздух на штитниците за кал и спојлерот на багажникот.

DMC нуди и голем број опции за мофицикација во внатрешноста, а нагласуваат дека сопствениците, во случај да им здосади, сите споменати каросериски карбонски елементи можат да ги отстранат без опасност да ја оштетат самата каросерија.

Поврзани вести

Back to top button