fbpx

Доделени наградите за Златно Тркало 2021 (фото и видео)

Синоќа, со следење на сите мерки и препораки, официјално беа доделени златните статуетки за победниците на Златно Тркало 2021

Второто издание на Златно Тркало помина во најдобар ред. Откако заврши гласањето и победниците беа познати, на ред дојде и свеченото доделување на наградите. Победниците во Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил, Златно Тркало 2021, синоќа ги добија своите златни статуетки на настан кој беше организиран согласно сите мерки и препораки за спречување на ширењето на коронавирусот. На овој настан, организиран во Рагуза 360, присуствуваа ограничен број на гости, претставници на автомобилската индустрија во нашата земја.

https://youtu.be/NxA0moZtclg?t=883

Изборот и гласањето за второто по ред издание на Златно Тркало заврши пред повеќе од два месеци. По ова беа прогласени победниците во четири различни категирии, а лауреатите ги добија своите награди. Настанот, во организација на Авто Плус, Carclub, Cars by Vik и RPM, го водеше најпопуларниот актер во нашата земја, Сашко Коцев.

На настанот говореше и главниот уредник на Авто Плус, Виктор Кошевалиски, кој е главен иницијатор на овој Избор и настан. Испратен беше апел за промоција на новите и еколошки возила кај нас, добивањето неопходна поддршка – субвенции од државата впрочем како и секаде во светот. Сето тоа со цел за подобра животна средина и поголема безбедност во сообраќајот.

Zlatno Trkalo 2021

Наградите ги подигнаа претставниците на официјалните импортери и застапници на брендовите кои победија на второто поред издание на Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија.

Гласањето се одвиваше од 1 до 14 март и се избираше меѓу 12 автомобили во четири различни категории. Пласирани беа повеќе од 70 објави (текст, видеа, емисии, тестови, вести…) и имаше над 250 објави на социјалните мрежи. Сето ова произведе повеќе од 1,5 милиони импресии и овеќе од 100.000 прегледи на сите објави.

На крајот, беа собрани 15.500 уникатни гласови кои беа поделени во четири категории од кои произлегоа победниците. Во категоријата Најпосакуван Градски автомобил триумфираше Peugeot 2008 со 36 проценти од вкупно 3.950 гласови. За Најпосакуван Семеен автомобил е избран Škoda Octavia со 54 проценти од вкупно 3.620 гласови. Категоријата Најпосакуван Електрифициран автомобил собра 3.500 гласови, а триумфираше Peugeot e-208 со 46 проценти од гласовите. На крајот, Главната награда за Најпосакуван автомобил во нашата земја замина кај Škoda Octavia со 22% од вкупно 4.260 гласови.

Авто Плус, како основач на овој настан, уште еднаш им честита на победниците на Златно Тркало 2021.

За сите оние кои пропуштија да го погледнат настанот во живо, во прилог ви нудиме можност да го проследите истиот (кликни овде за линк).

Проследете ја галеријата од настанот (77 фотографии)

 

 

Поврзани вести

Back to top button