Долгоочекуваната BMW 8-серија кабрио конечно пред очите на публиката

Од BMW најавија дека премиерата на новата генерација на 8-серија ќе се одржи следниот месец во Las Vegas

Иако се очекуваше премиерата на овој нов модел да се одржи во блиска иднина, сепак немаше никакви официјални информации за тоа каде и кога би можеле да ја очекуваме. Но, после речиси цел месец од немаскираните тестови на новата 8-серија, од BMW конечно го најавија официјалното претставување на овој модел, кое ќе се одржи идниот месец на Auto Show во Las Vegas.

Покрај Coupe, оваа кабрио верзија претставува вториот модел од новата 8-серија, кој исто така е погонуван со истиот двоен турбински 4,4 литарски V8 мотор, кој испорачува моќност од 523 коњски сили и вртежен момент од 750 Nm. Според BMW, M850i xDrive Coupe забрзува од 0-100 km/h за одлични 3,7 секунди, но поради дополнителната тежина кај кабрио моделот, ова забрзување ќе биде малку подолго, односно за 3,8-3,9 секунди.

8-серија

Овој модел во Европа најверојатно ќе биде достапен и во дизел верзија, односно моделот 840d би бил погонуван од 3,0 литарски дизел мотор со моќност од 315 коњски сили и вртежен момент од 680 Nm.

Гигантот на Auto Show освен со 8-серија, ќе се пофали и со уште неколку нови модели

Меѓу нив спаќа и седан верзијата од 3-серија односно 340i Sedan, кој ќе биде достапен со 3,0 литарскиот мотор со 382 коњски сили и вртежен момент од 500 Nm.

Својата локална премиера исто така ќе ја доживее и BMW X7, кој за американскиот пазар ќе е достапен од март наредната година, а неговото производство ќе биде во фабриката на BMW во Спартанбург.На ова шоу ќе се појави и новиот Z4, кој доаѓа со 3,0 литарскиот мотор со излезна моќност од 382 коњски сили и вртежен момент од 500 Nm, кои му помагаат од 0-100 km/h да достигне за 4,4 секунди.

Освен овие модели, BMW на ова шоу ќе ни пружи прилика да се запознаеме и со новиот автономен концепт, кој ни го откри минатиот месец. Станува збор за електричниот кросовер Vision iNEXT.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close