Donkervoort D8 GTO-JD70 доби специјална, BNCE едиција

Претставен во првите недели од јуни, новиот Donkervoort D8 GTO-JD70 добива нов изглед со претставувањето на новата Bare Naked Carbon Edition (BNCE)

Карбонската изработка на каросеријата на новиот Donkervoort D8 GTO-JD70 BNCE загуби неколку килограми од својата тежина во однос на регуларниот модел, па така сега истата изнеусва 700 килограми. Новата верзија на D8 GTO-JD70 BNCE е достапна во четири нивоа на опременост, со тоа што секое од нив ја остава на виделина карбонската „ткаенина“. Купувачите како опција можат да изберат нивниот Donkervoort да биде финиширан во мат или сјајна боја. Во изборот влегуваат зелена, црвена, сина, златна и сива боја, со стандардниот металик изглед.

Donkervoort D8 GTO-JD70, кој е направен во чест на 70-тиот роденден на основачот на компанијата Јуп Донкерворт, се напојува со 2,5-литарскиот турбо петцилиндричен мотор на Audi кој испорачува 420 КС и 520 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се канализира на задните тркала преку петстепен мануелен менувач.

Спринтот од нула до „стотка“ се достигнува за 2,7 секунди, односно 7,7 секунди за спринтот до 200 километри на час. Максималната брзина на возилото е 280 километри на час.

Donkervoort D8 GTO-JD70 е првиот 2G продукциски автомобил на светот според холандската компанија, нудејќи максимално латерално забрзување со гравитациска сила од 2.05. Цената за D8 GTO-JD70 BNCE се уште не е објавена.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close