DP Motorsport модифицираше Porsche 911 во стил од седумдесетите

Претходно реставрираниот Porsche 911 Carrera 3.2 Coupe од 1985 година направен е да изгледа како 911 S/T од почетокот на седумдесетите години

Porsche 911 поседува мошне адаптивна платформа која може да се модифицира на повеќе начини, а сепак да биде удобен GT автомобил. Најновиот проект на DP Motorsport го покажува токму тоа. Една од најценетите компании кои се занимаваат со реставрација и модификација на различни генерации на бесмртниот Porsche 911 дефинитивно е и германската компанија DP Motorsport, а како основа за нивниот последен проект е искористен моделот 911 Carrera 3.2 Coupe произведен во 1985 година.

Каросеријата на Carrera во DP Motorsport со адекватни елементи ја претворија во каросерија каква што ги красеше моделите 911 S/T кои се произведуваа кон почетокот на седумдесетите години од минатиот век, а стандардниот 3,2-литарски шестцилиндричен атмосферски boxer мотор е заменет со 3,6-литарската опција од Серијата 964 која располага со 290 КС и 324 Nm максимален вртежен момент, што е повеќе од доволно за ова купе чија маса изнесува само 940 килограми.

DP Motorsport

DP Motorsport на својот автомобил додаде и нов преден браник, штитници, модифицирана хауба и заден браник. Овие елементи го трансформираат изгледот на автомобилот, па наместо возило од средината на осумдесетите, делува како автомобил кој е произведен една деценија порано. За сјајниот ефект се задолжени ретровизорите, лајсните на прозорците и рачките од вратите кои се хромирани.

DP Motorsport

Промените кои не се очигледни, а се во согласност со денешните времиња, се однесуваат на повеќекратниот подесувачки систем на потпирање KW Clubsport и значително подобрите кочници кои се кријат зад легендарните 15-инчни Fuchs фелни. Каросеријата е обоена во една од оригиналните бои кои Porsche ги нудеше со Carrera GT.

DP Motorsport

Неизбежен детал во ретро уредената внатрешност е и Momo Prototipo управувачот обложен со кожа кој стана заштитен знак за поголемиот дел реставрирани и модифицирани модели на Porsche. Во внатрешноста се наоѓаат и ретро седишта, обложени со текстил во средината и кожа на страничните делови.

Од DP Motorsport не откриваат колку чини овој примерок, ниту пак дали истиот е достапен за продажба.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close