fbpx

Drako GTE е електричен хипер седан со моќност од 1200 КС

По објавениот тизер на почетокот од оваа година, Drako Motors го претстави својот прв автомобил, хипер седанот GTE

Најавен како кулминација на скоро една деценија на работа, GTE е ултра луксузен седан кој се базира на стариот Fisker Karma. И покрај ова, моделот не е копират бидејќи има нов преден крај со тенки фарови, хауба од јаглеродни влакна и големи влезови на воздух.

Страничниот дел е оној кој во голема мера е пренесен, но сега доаѓа со поспортски странични прагови и скриени рачки на вратите. Поголеми промени може да се најдат на задниот дел во форма на масивен дифузер и мала багажна врата со интегриран спојлер.

Drako објави само неколку слики од изгледот на кабината, каде можеме да забележиме дека кабината доаѓа со четири седишта и е изработена од кожа и алкантара, а има и инфозабавен систем со екран на допир и завршетоци и акценти од јаглеродни влакна.

GTE

Моќноста кај GTE доаѓа од батерискиот пакет со капацитет од 90 kWh, кој напојува не помалку од четири електрични мотори, со комбинирана излезна моќност од 1.200 коњски сили и вртежен момент 8.800 Nm. Производителот не го откри времето потребно за забрзување од 0 до 100 km/h, но рекоа дека GTE достигнува максимална брзина од 332 km/h.

На листата на други значителни карактеристики кај овој хипер седан се и Öhlins системот за потпирање како и Brembo керамичко-карбонски сопирачки. Исто така, постои и векторски систем за вртежниот момент кој прилагодува позитивен и негативен вртежен момент на секое тркало над илјада пати во секунда.

Drako најави дека производството на GTE ќе започне наскоро, а моделот ќе доаѓа со основна цена од 1,25 милиони американски долари и компанијата очекува само да изгради 25 единици.

Поврзани вести

Back to top button