fbpx

Дружба со plug-in хибридните и електрични модели на Peugeot и Opel

Во природен амбиент пред ресторанот „Камник“, Еуроимпекс Генералниот увозник за Peugeot и Opel за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, заедно со дилерската мрежа од двата бренда, организираше дружење со 100% електричнната и plug-in хибридна гама на Peugeot и Opel.

Импресивно беше друштвото од 10 електрични и plug-in хибридни возила, во исто време и на исто место, давајќи акцент на широчината и изборот кој го нудат гамите на двата бренда.

Добро е позната стратегијата на компанијата „Stellantis“ која се покажува како високо-успешна меѓу автомобилските гиганти. Кај брендовите Peugeot и Opel, електричните модели се одликуваат со батерии кои имаат импресивна автономија. Кај овие два бренда, клиентите имаат привилегија да го изберат моделот кој го посакуваат, а потоа да го изберат и погонувањето за моделот кој го сакаат. Па така на пример, кај Peugeot 2008 или кај Оpel Mokka, потенцијалните клиенти може да изберат помеѓу бензин, дизел или електричен погон.

Модлуларните платфоми го нудат луксузот кој клиентите го посакуваат т.е. тие овозможуваат возилото да биде електрично или plug-in хибрид, а притоа да се добие внатрешен и капацитет на багажниот простор ист по големина како и кај моделот погонуван од мотор со внатрешно согорување.

Peugeot Opel

Кога станува збор за хибридната технологија, брендовите Peugeot и Opel во своето портфолио не понудуваат Mild Hybrid (MHEV) или Hybrid (HEV). Двата бренда целат високо и во однос на хибридната технологија се понудува Plug-in хибрид, кој е врвот на хибридното стебло понудувајќи батерија со најголем капацитет.

Иднината е електрична, а денес се дружеввме со следниве 10 модели: Peugeot e-208, e-2008, новиот Peugeot 308 PHEV, 3008 PHEV, 508 PSE PHEV, Peugeot e-Rifter, Opel Corsa-e, новата Opel Astra PHEV (која ја возевме во Португалија), Opel Mokka-e, новиот Opel Grandland PHEV и Opel Combo-e.

На истиот настан, ексклузивно и пред-премиерно за македонскиот пазар, беше изложена и новата Opel Astra со 1.6 Plug-in хибриден мотор и 180 коњски сили во својата премиерна „Kult“ жолта боја, како и долгоочекуваниот спортски Рeugeot PSE со 1.6 Plug-in хибриден мотор и 360КС кој се истакна со својот моќен стил во новата „Selenium Grey“ боја и динамични детали во зелена „Kryptonite“ боја.

Peugeot Opel

„Електричните погони целосно ќе ги потиснат моторите на внатрешно согорување и во блиска иднина ќе станат главен двигател на транспортните средства. Ние, Еуроимпекс и нашата дилерска мрежа, веќе активно работиме во насока на имплементирање на промените и иднината секако ја дочекуваме подготвени. Работиме во насока на 100%-на експертиза и професионалност и се гордееме со нашата богата понуда на електрични и plug-in хибридни возила.“ – изјави Зоран Серафимовски, Извршен директор на Еуроимпекс.

Повеќе информации за моделите и услугите можат да се добијат во салоните на Peugeot и Opel, како и на веб страните peugeot.mk, opel.mk и на дилерските страници.
Електрифицираните модели се достапни за нарачка.

Поврзани вести

Back to top button