fbpx

Дубаи 2017: McLaren со уникатен 720S

Специјализираното одделение за развој и доработка на производите на McLaren, поделбата MSO (McLaren Special Operations), претставува единствена верзија на моделот 720S за време на овогодинешното издание на меѓународниот салон во Дубаи

Нарачаниот единствен McLaren 720S е во Zenith Black црна боја со сатенски додатоци, а тркалата и други елементи на екстериерот и ентериерот, се со златна боја. Од истиот материјал (24 карати) е изработен и заштитниот термички слој на моторниот простор. Од MSO коментираат дека за измената на автомобилот биле потребни повеќе од 120 часа напорна работа, а само задното крило со неговиот тематски натпис, цитат на Брус Мекларен: „Животот се мери со достигнувањата, а не со годините”, одзеде 30 часа.

1 | McLaren 720S
2 | McLaren 720S
3 | McLaren 720S

    Сопственикот на суперспортскиот автомобил ќе го добие своето „ново милениче“ по завршувањето на саемот и ќе имаат целосна слобода да ужива во задовплството штo ги нуди 4,0 литарскиот V8 мотор, кој развива од 0 до 200 km/h за само 7,8 секунди и достигнува за автомобилот максимална брзина од 341 km/h.

    Поврзани вести

    Back to top button