fbpx

Два пати поевтино e да се вози електричен автомобил?

Една студија спроведена во САД објавена од списанието Forbes покажува дека експолатацијата на електричното возило чини двојно поевтино во однос на автомобил со мотор со внатрешно согорување, во овој случај, бензински

Студијата е финансирана од Evannex, но треба да се има на ум дека истата компанија произведува додатоци за моделите на Tesla.

Автори на студијата се Мајкл Сивак и Брендон Шојт од Институтот за транспорт за истражување во Мичиген. Според резултатите од истражувањето, напојувањето на електричен автомобил во САД (за одредена километража) изнесува 485 долари годишно. За бензински автомобил, сумата е 1.117 долари за гориво.

Два пати поевтиноСе разбира, авторите на студијата јасно покажуваат дека цените на горивото во различни држави не се исти, што може да даде различни износи за период од една година.

Авторите заклучиле дека најголемата разлика е во државата Вашингтон – 372 долари годишно за полнење со електрична енергија и 1.338 долари за бензин.

Освен тоа, електричните возила, исто така, имаат пониски трошоци за одржување во текот на работата.

Главната причина е тоа што електричните автомобили имаат помалку подвижни делови, нема издувен систем, како ниту потреба од промена на маслото, ремените, филтрите итн. Се претпоставува дека во Европа резултатите ќе бидат слични.

Поврзани вести

Back to top button