fbpx

E-Legend EL1 е електрична верзија на Audi Sport Quattro

Германската компанија Elegand AG ќе го понуди својот модел наречен E-Legend EL1, кој претставува своевиден наследник на легендарниот Audi Sport Quattro S1

Овој целосно електричен автомобил, кој го добива името E-Legend EL1 и претставува духовен наследник на култниот Quattro S1 на Audi Sport, се напојува со три електромотори, еден поставен на предната оска и два на задната, кои комбинирано испорачуват 816 КС. За енергијата на овие три електромотори е задолжена 90 kWh батеријата која ја користи истата 800-волтна технологија како Porsche Taycan.

EL1

Компанијата Elegand AG ветува и навистина импресивни бројки кај EL1, истакнувајќи дека од нула до „стотка“ може да стигне за 2,8 секунди, а до 200 км/ч за помалку од 10 секунди. Покрај ова, батеријата му обезбедува опсег на движење на овој електричен суперавтомобил и автономија од 400 километри.

Auto Motor Und Sport наведува дека E-Legend EL1 многу веројатно ги користи истите батериски модули како и Porsche Taycan, што исто така значи дека овој модел е способен за брзо полнење. Компанијата која стои зад овој електричен спортски автомобил додаде и дека батеријата се одликува со софистициран систем на ладење.

Пристигнуваат и два други модели

Дизајнот на EL1 е јасна алузија и потсетување на Audi Sport Quattro S1. На предниот дел се наоѓаат препознатливи фарови и LED дневни севтла, како и хауба со речси идентична форма како онаа кај Audi, вклучително и трите мали отвори за воздух. Покрај ова, EL1 има коцкаста и агресивна форма со нагласени сводови над тркалата и бели петкраки тркала. На задниот дел се наоѓа големиот спојлер и привлечните LED задни светла.

џџџџџџџџџџџџџџ

Вкупно 30 единици се планирани за производство и би требало да бидат готови до следната година, а секој од нив ќе чини над 1 милион евра. Компанијата Elegand исто така планира да лансира и EL2 и EL3 модели, а првиот од нив би можел да има дизајн инспириран од Lancia Stratos HF Stradale. Во секој случај, првите 12 примероци на EL1 ќе бидат монтирани во 2023 година, додека останатите и требало да бидат подготвени до 2024.

Поврзани вести

Back to top button