E-Partner е најновото комерцијално ЕВ од Peugeot

Peugeot e-Partner официјално е претставен за европскиот пазар, со што електричното комерцијално возило се приклучува на e-Expert во поставата

Француската компанија Peugeot официјално го претстави e-Partner, своето најново електрично лесно комерцијално возило кое е базирано на EMP2 модуларната платформа и користи електромотор кој испорачува моќност од 136 КС и 260 Nm вртежен момент и се напојува од 50 kWh литиум-јонска батерија.

Од Peugeot велат дека нивното електрично комерцијално возило може да забрза до „стотка“ за 11,2 секунди, додека максималната брзина е 129 километри на час, а опсегот на движење со едно полнење е 275 километри според WLTP циклусот. Батеријата може да се наполни целосно за 5 часа приклучен на 11 kWh полнач, или за 30 минути до 80 проценти на 100 kW станица за полнење. Моделот е достапен со два типа на полначи за во автомобил, еднофазен 7,4 kW и трофазен опционален од 11 kW.

Возачите можат да изберат меѓу три режими наречени Eco, Normal и Power, со што максималната моќност и вртежен момент се достигнуваат во последниот. Eco режимот располага со 82 КС и 190 Nm вртежен момент, додека Normal нуди 109 КС и 210 Nm. Исто така достапни се и два режими за сопирање – Moderate и Augmented, со тоа што вториот ја максимизира рекуперацијата од сопирачката енергија.

Две верзии во понудата

Peugeot e-Partner се нуди со две верзии на меѓуосовинско растојание – 4,4 метри долгиот Standard и 4,75 метри долгиот Long, а максималниот товарен капацитет е 4,4 кубни метри, а максималната товарна тежина е 800 килограми. Моделите се достапни во Professional и Asphalt трим нивоа, додека првиот се нуди и како патничка верзија со капацитет за пет лица.

E-Partner пристигнува и со специјално адаптиран i-Cockpit, e-Toggle контрола која овозможува возачите да изберат меѓу Park, Reverse, Neutral и Driva, како и посебен прекинувач за три возачки режими. Исто така пристигнува со сателитска навигација со предупредувања за сообраќајот во реално време, засилена пешачка безбедност и друго.

e-Partner

Peugeot ќе го лансира e-Partner во Европа подоцна оваа година.

Поврзани вести

Back to top button